Дневен хороскоп: Овој четврток Бикот одлучен во намерите, Вагата со добра одлука, Јарецот уморен
ОВЕН
Имате впечаток дека некој од деловното опкружување работи против вашиот интерес и тоа воопшто не ви се допаѓа. Не ви се допаѓа фактот што некој близок покажува љубомора во комуникацијата со вас. Генерално се чувствувате добро.
БИК
Денес е поволен ден за да прифатите некои проекти кои ве чекаат долго време. Имате малку поголеми очекувања и не сте сигурни како да пристапите кон симпатијата. Нагласена е нервната напнатост.
БЛИЗНАЦИ
Доколку сте планирале да соработувате со личност која веќе ви помогнала на деловното поле, ќе бидете задоволни. Доколку сте слободни, во текот на денот ќе имате нови интересни љубовни понуди. Можна е вртоглавица.
РАК
Ве очекува малку потежок ден во кој нема да ви биде лесно да ги решите сите деловни проблеми. Партнерот отворено ќе ви ги покаже своите чувства. Можете да очекувате среќа. Ви треба пауза.