Дневен хороскоп: Овој четврток Рибите задоволни на работа, Јарците и Вага да внимаваат

ЈАРЕЦ
Бидете внимателни на работното место и ако можете задржете ги своите ставови за себе. Несогласувањето со колегите може да ескалира и ќе се најдете во непријатна ситуација. Вашите идеи се во ред, но премногу често ги повторувате што го иритира вашето опкружување. Вашата оаза на мирот е вашиот дом. Обидете се да ја зачувате таа атмосфера и да не ги пренесувате нервозите од работното место. Партнерот се уште има трпение, но не се знае кога ќе го изгуби.

ВОДОЛИЈА
Денес ненадејно ќе ви биде вратен еден стар долг и тоа ќе ве направи среќни. На работното место почнуваат да се враќаат некои проблеми од минатото и од вас се очекува да најдете решение. Не поминувајте лесно преку проблемите затоа што одново ќе ви се појавуваат. Доколку сте слободни, можно е денес да ви се јави една личност од минатото. Бидете внимателни и не пречекувајте ја со раширени раце. Како се појавила, така може одново да ја снема и да ве остави во поголем хаос од претходниот пат.

РИБИ
На работното место се чувствувате добро. Денес ќе се чувствувате задоволни и ќе завршите многу повеќе работи отколку што сте планирале. Во домот почнуваат да ви се јавуваат некои ситуации кои во минатото ви претставувале проблем. Партнерот е љубоморен и ќе почне да ви спомнува некои стари гревови. Доколку можете, избегнете ги таквите ситуации и не влегувајте во конфликт. Ако сте слободни, обрнете внимание на една постара личност која се обидува да ве привлече.




Претходна страна