Дневен хороскоп: Успех за Лавот, Рибите склони на главоболка, Вагата уморна, а Вие?
ОВЕН
Загрижени сте за вашите финансии и оптоварени сте со црни мисли. Ви претстои неповолен период за работа. Време е да донесете одлука за заедничка иднина со саканата личност. Избегнувајте алкохол.
БИК
Се препорачува да посветите максимално внимание на обврските за да успеете да ги реализирате вашите планови. Ако сакавте да ја прекинете врската, постои период во кој ќе имате можност да направите такво нешто. Грижете се за уринарниот тракт.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ви треба многу сила за да можете да ги решите деловните проблеми што ви се појавија. Неодлучни сте и сега кога треба да изберете едно од две лица, не знаете за кој да се одлучите. Нервозни сте.
РАК
Вие сте многу ефикасни и вредни. Посветени сте на работата и ги остварувате плановите без поголеми проблеми. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате можност за ново познанство. Можен е пад на имунитетот.