Дневен хороскоп за 23 септември: Еден знак да не се двоуми, успехот му е загарантиран
Лав
Работа: Потешко и побавно отколку што очекувавте, сепак успевате да ги постигнете своите цели. Обидете се да избегнете или барем да ги ублажите вербалните конфликти со некои од вашите претпоставени.
Љубов: Овој ден може да означи почеток на многу поповолен период за настани од љубовната сфера, но и ваша поактивна улога.
Здравје: Хронични заболувања.
Девица
Работа: Чувството на замор е објективно присутно на крајот од работната недела кај Девицата, па понесете ги полека започнатите обврски, а можност за нови планови ќе има и во наредниот период.
Љубов: Не е лош ден дури и да бидете пријатно изненадени од саканата личност, но околностите не се многу поволни за вашите конкретни постапки на љубовно поле.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
Вага
Работа: Завршете ги основните деловни задачи и не се возбудувајте премногу доколку последниот работен ден од неделата ве преоптоваруваат со дополнителни професионални обврски.
Љубов: Денес ќе ви треба малку повеќе трпение и разбирање, доколку сакате да ги ублажите критиките кои доаѓаат од драга личност која поради некоја причина е незадоволна.
Здравје: Чувствителност на коските и зглобовите.
Шкорпија
Работа: Повеќето Скорпии овој петок би требало да го поминат најангажирани во сферата на комуникацијата и склучувањето нови професионални договори.
Љубов: Појавата на сосема нова интересна личност на вашиот љубовен хоризонт ветува многу. Треба да го играте следниот потег. Уживајте затоа што вреди да се трудите.
Здравје: Потребен ви е добар и квалитетен сон.