Дневен хороскоп за 25 Февруари: Флертот на работа може да се претвори во страсна љубовна врска за еден знак
Близнаците ги очекува важен деловен состанок, Ракот итно ќе го промени начинот на исхрана!
Овен
Работа: Овој ден може да ви донесе ненадејно службено патување и успешни деловни преговори. Финансиската состојба ви се подобрува.
Љубов: Флертувањето на работа може да се претвори во страсна љубовна врска и нешто многу повеќе отколку што очекувавте.
Здравје: Солидно.
Бик
Работа: Тесните врски ќе внесат негативна струја во атмосферата на овој ден. Бидете внимателни и бирајте зборови во односите со колегите и претпоставените.
Љубов: Венера минува низ вашето поле на емотивни врски и ќе ви донесе вистински бум во односот со партнерот.
Здравје: Солидно.
Близнаци
Работа: Важен деловен состанок ќе одлучи за понатамошниот правец на вашиот бизнис. Вашата сугестивност во преговорите ќе игра голема улога.
Љубов: Слободните Близнаци преку работа можат да запознаат интересна личност во знакот Лав или Водолија.
Здравје: Страдате од алергии.
Рак
Работа: Ви се дава можност да завршите работа на долгорочен проект. Ќе имате многу причини да се гордеете со вашите резултати.
Љубов: Љубовниот состанок овој ден ќе ги оживее оние стари добро познати пеперутки во вашиот стомак.
Здравје: Променете ја исхраната.