Дневен хороскоп за 8-ми август: Внимавајте со парите, еден знак го очекува изненадување
Многу хороскопски знаци кон крајот на неделата ќе доживеат различни изненадувања, како на љубовен, така и на деловен план, а и здравствен.
ОВЕН
ЉУБОВ: Можна романса со некој што ви е пријател.
РАБОТА: Ситуацијата нема да биде поволна, особено ако работите во странство.
ЗДРАВЈЕ: Спортска повреда.
БИК
ЉУБОВ: Можеби ќе се заљубите во некој кој воопшто не е ваш тип на личност.
РАБОТА: Можно е да влезете во партнерски бизнис или да работите во група.
ЗДРАВЈЕ: Лош апетит.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Може да ве заинтересира некој кој е далеку.
РАБОТА: Компанијата во која работите може да наиде на финансиски тешкотии.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте што јадете.
РАК
ЉУБОВ: Сите ќе забележат дека сте разубавени, што ќе ви донесе многу нови можности за љубов.
РАБОТА: Внимателно со парите, можни се лоши инвестиции.
ЗДРАВЈЕ: Дијареа.
ЛАВ
ЉУБОВ: Ќе бидете многу шармантни, поради што љубовта лесно ќе ја пронајдете.
РАБОТА: Солидна ситуација и можен успех доколку работите во поголем систем или со пријателите.
ЗДРАВЈЕ: Болки во грбот.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Вашата духовитост денеска особено ќе дојде до израз и ќе предизвика восхит кај другите.
РАБОТА: Обидете се да ја искористите секоја можност што ви се нуди.
ЗДРАВЈЕ: Променливо.
ВАГА
ЉУБОВ: Ќе ви треба посилна волја да одолеете на искушенијата што доаѓаат.
РАБОТА: Ќе имате проблеми со надредените. Не наседнувајте на провокации.
ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Ќе ве интересира експериментирање. Можеби неочекувано ќе ви се допадне некој.
РАБОТА: Ќе размислувате за приватен бизнис.
ЗДРАВЈЕ: Нервозен стомак.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Нестабилност во сферата на врските. Можни недоразбирања, па дури и неверство.
БИЗНИС: Успех во се што е поврзано со партнерскиот бизнис.
ЗДРАВЈЕ: Земете витамини.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Можно е да ви развијат романтични чувства кон некој со кој имате деловен однос.
РАБОТА: Успех во се што е поврзано со креативноста.
ЗДРАВЈЕ: Вирусна инфекција.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Ќе размислувате за некој што го сакавте, а кој повеќе не е во вашиот живот.
РАБОТА: Искористете го поволниот период бидејќи во спротивно ќе имате финансиски проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
РИБА
ЉУБОВ: Можни недоразбирања со избраната личност поради недефинирани чувства.
РАБОТА: Ќе имате убав ден на работа.
ЗДРАВЈЕ: Слаби сте на пороци, а тоа ви го уништува здравјето.