Дневен хороскоп за 9 август: Напнат ден за Бикот, незадоволство за Водолијата

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Поволен ден за сите оние кои планирале да започнат приватен бизнис. Комуникацијата со партнерот е многу отворена и директна. Некои проблеми може лесно да се решат. 

БИК

Се одложува долгоочекуваната соработка. Време е да ги промените вашите приоритети. Повлечени сте во себе. Тешко ви е да ги покажете емоциите на вистински начин. Тежок ден полн со нервоза, напнатост. Вашите реакции се многу импулсивни.

 БЛИЗНАЦИ

Благодарение на добрата организација што ја имате, ќе успеете да надминете некои деловни пречки и доцнења. Партнерот очекува од вас да преземете иницијатива и да покажете во која насока ќе одите понатаму. 

РАК

Не си поставувајте премногу високи цели за кои сте свесни дека не можете да ги исполните. Иако сте дале се од себе за да му угодите на партнерот, тој од вас бара повеќе слобода и простор. 

ЛАВ

Нагласена е потребата од одредена доминација и докажување, сакате повторно да бидете први во сè. Се стремите кон драстични промени во животот и размислувате да продолжите понатаму. 

ДЕВИЦА

Новиот бизнис што го имавте на ум отиде во сосема погрешна, поинаква насока. Тоа ве депримира. Имате добар однос со саканата личност, комуникацијата е искрена. Обидете се да најдете повеќе време за одмор. 

ВАГА

Доколку сакате да успеете во бизнисот, неопходно е да го одвоите приватниот и професионалниот живот. Го оптоваривте партнерот со некои ваши деловни проблеми и тој полека почнува да се дистанцира. 

ШКОРПИЈА

Не можете да прифатите неуспех и пораз. Едноставно не е во вашата природа лесно да го трпите тоа. Затоа можете да бидете многу напнати. Посветени сте на семејството, исполнети сте со времето што го поминувате со нив. 

СТРЕЛЕЦ

Денеска на работа бидете многу внимателни. Не дозволувајте нешто или некој да ви ја наруши концентрацијата. Партнерот мисли дека вашите барања се комплицирани, дека во исто време барате од него многу внимание.

ЈАРЕЦ

Не е лесно да се подобри односот со колегите. Се обидувате, но како нешто да недостасува секогаш. Има личност која се обидува да ви пријде, но вие не сакате да и дадете ниту еден позитивен сигнал. Би уживале во рекреација.

ВОДОЛИЈА

Прилично сте пасивни, незаинтересирани за каква било нова работа, иако финансиската состојба е катастрофална. На вашиот партнер му треба внимание, но вие делувате малку незаинтересирано. Видливо е незадоволството. 

РИБИ

Ќе добиете важна поддршка од личност од деловното опкружување. Ќе ви даде ветер во грб. Заедно со партнерот можете да организирате домашна забава која ќе ви го подобри расположението. Го преувеличувате проблемот што го имате и станувате параноични.