Дневен хороскоп за петок: Еден знак ќе се соочи со предизвици
Овен
Направивте добра процена и сега сте одлични на деловно поле. Чувствувате потреба да го промените својот љубовен статус. Со Стрелец ве очекува можност за многу убава врска.
Бик
Може да очекувате мали потешкотии на работа. Немојте да паничите туку посветете се на смирено решавање на проблемите. Не сте подготвени за конкретни промени. Љубовната ситуација на некој начин ви е блокирана.
Близнаци
Со задоволство прифаќате нови обврски на деловно поле и подготвени сте да ја покажете желбата за напредување. Недоразбирањето кое се јавува помеѓу вас и вашиот партнер во следниот период може да доведе до прекинување на врската.
Рак
Доаѓа до некои помали промени кај вас. Кога е во прашање работата може да бидете подготвени на поголеми пресврти. Не ви е лесно да направите компромис во односот со саканата личност која често може да делува како да има многу хирови.