Дневен хороскоп за петок: На кого денот ќе му тргне од рака?
Овен
Не пропуштајте ниедна деловна шанса која ќе ви биде понудена. На љубовен план има некоја незаинтересираност од ваша страна затоа што во моментов сте заинтересирани само за работата. Чувајте се од можна алергија на храна.
Бик
Малку ви здосадила работата со која се занимавате. Слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот.
Близнаци
Ќе ви биде замерено што не сте заинтересирани тимски да ги правите работите. Ќе бидете приморани да се одлучите што ќе правите на љубовен план и за што да се одлучите.
Рак
Ви се препорачува внимание на работа. Внимавајте на луѓето кои ве опкружуваат за да не се разочарате и со нив разговарајте на одредена дистанца. Партнерот добронамерно ќе ве критикува, а вие ќе бидете тврдоглави.
Лав
Не треба лесно да го прифатите советот од еден Овен. Паричната ситуација не е на завидно ниво. Љубовната ситуација ќе ви донесе неочекуван пресврт каде партнерот ќе ви пружи повеќе внимание и нежност.
Девица
Не ве очекуваат значајни промени, поради што ви се препорачува да одите на некаков краток одмор. Можноста за романтични патувања искористете ја максимално. Чувајте се од крадци и паричникот чувајте го на сигурно место.
Вага
Ви се овозможува прилика лесно да заработите. Имате зголемена желба за емоционално задоволство и мир. Вашата самотија повеќе не ви е потребна, па така доста време ќе потрошите за да ја промените оваа ситуација.
Скорпија
Задоволни сте со себе и сатисфакција ви е работата која ја работите. Вашите идеи и проекти се доста добри и можат да наидат на општо одобрување. Љубовната ситуација може да биде нарушена со погрешни проценки. Задоволни сте со својот изглед.
Стрелец
Обидете се сите познанства да ги претворите во пријателства затоа што можат многу да ви се најдат во иднина. Ќе добиете неочекуван прилив на енергија, па искористете го на вистински начин.
Јарец
Мечтаете за љубовни романси. Можно е познанство кое би можело да прерасне во нешто посериозно.
Водолија
Вие немате идеја и план како да дејствувате. Некако сте разочарани од случувањата и немате мотив за да започнете со нешто. Во односот со партнерот владее незадоволство.
Риби
Воздржувајте се од коментари кои можат да ви го расипат угледот. Можни се некои навреди од страна на колегите кои ги сакате. Немојте да се навредите, сепак тие добро ви мислат и затоа искрено разговараат со вас.