Дневен хороскоп за понеделник: Некој ќе добие признание, други да бидат трпеливи

Овен

Благодарение на вашите способности, ќе добиете мала благодарница во форма на симболичен подарок. Ве импресионира признанието, без оглед на фактот дека износот на вашиот труд е многу поголем од подарокот што го добивате. Мудро се заблагодарете, вистинската награда допрва треба да дојде.

Бик

Ова е ваш ден. Коцките се наредени, работите сами се решаваат. Пријатно сте изненадени затоа што не очекувавте таков пресврт. Но, да не ве понесува сегашниот резултат затоа што не дојде со ваша заслуга, беше пресуден факторот на среќа.

Близнаци

Преокупирани сте со финансии, партнерства и дилема за некаков вид инвестиција. Од вас се очекува да се прилагодите, а вашата реакција е потребата да избегате. Советот е да истраете во сè, бидејќи добивката што можете да ја остварите не е занемарлива.

Рак

Вашиот став кон обврските изгледа премногу опуштен. Правете ја вашата работа поодговорно и без непотребни разговори. Ретко кој знае дека вашиот хумор е всушност, одбранбен механизам, затоа што не можете да ги скриете своите стравови и напнатост на друг начин.

Лав

Уморни сте од темпото што ве притиска. Ова е време од годината кога ви треба пауза. Ден поминат со семејство и опуштена атмосфера е она што би ве опуштило. Мислите дека е невозможно и заборавате дека и немањето избор, е избор.

Девица

Ситуацијата не е доста стабилна, но сепак е во друг план за вас. Финансиите наскоро ќе се подобрат, тоа ќе ве натера да се чувствувате побезбедни, а со тоа и позадоволни. Денот не е поволен за започнување на некои значајни чекори во деловниот план.


Следна страна