Дневен хороскоп за вторник: Ден за нови запознавања за два знаци

ОВЕН

Вие сте целосно посветени на обврските. Добивате добри вести од странски соработници. Расположени сте за дружење, но не успевате да запознаете личност која би ве интересирала. 

БИК

Не успевате да ги надминете проблемите на работа и поради тоа сте прилично нервозни. Имате впечаток дека времето минува и не се помрднувате од исто место. Вашиот партнер ви пружа поддршка. 

БЛИЗНАЦИ

Развивате деловни планови со претпоставен. Имате слични ставови, па разговорот е продуктивен. Имате можност да влезете во врска, но другата страна не ве привлекува. 

РАК

Деловната состојба е стабилна и вие сте задоволни од тоа како се одвива бизнисот. Контакт со претставници на медиуми ве чека. Уживате да поминувате време со вашиот партнер. Тој знае како да ве опушти. 

ЛАВ

Вие сте задоволни од тоа како се одвива бизнисот. Верувате дека обемот на деловна соработка може да се зголеми и да понуди нови деловни можности на другата страна. Уживате во емотивна и стабилна врска. 

ДЕВИЦА

Атмосферата на работа е сè уште електрифицирана. Работите под напнатост и во суштина сте незадоволни од вашата работа и особено од финансиите. Одличен ден е за ново запознавање. Другата страна ви се чини емоционално стабилна. 


Следна страна