Овен
Имате толку многу грижи во главата во моментов што е тешко да се замисли среќен и безгрижен период. Вистината е дека среќниот период наскоро доаѓа. До крајот на јули ќе планирате одмор што ќе има големо влијание и на вас и на личноста до вас. Заедно со летните страсти, долгите прошетки во вечерните часови и романтичните моменти, ќе се влее сомнеж, што ќе биде потврден со сигурност на почетокот на август. Ќе станете родители! Најдобрата, највозбудливата и најголемата вест која ќе го промени вашиот живот на најдобар можен начин засекогаш.