Доаѓа астролошкиот најдобар ден во 2023 година: Ова е она што моќната ВЕНЕРА ВО БЛИЗНАЦИ им го носи на припадниците на сите знаци
Астролозите објаснуваат што ни носи следниот период, пред сè кога се во прашање љубовните и меѓучовечките односи
Копнеевте за промена во љубовта? Ако е така, астролозите имаат добри вести за вас - Венера, планетата на љубовта, на 11-ти април се сели од Бик во флертувачките Близнаци, каде што ќе остане до 7-ми мај.
Што значи Венера во Близнаци?
Подгответе се за возбуда бидејќи Венера во Близнаци обично е време за игра и забава, вели Нарајана Монтуфар, астролог и автор на „Месечевите знаци: Отклучете ја вашата внатрешна моќ на светлината“.
Таа вели дека Венера формира два интензивни квадрати со Сатурн и Нептун оваа година, што може да биде малку збунувачки кога станува збор за меѓучовечките и љубовните односи.
Нарајана ја опишува Венера во Близнаци како „пеперутка која скока од цвет на цвет“, што значи дека оваа комбинација носи флерт и отворени можности.
Сепак, сè нема да биде забавно, бидејќи Венера во Близнаци го квадрира Нептун во Риби од 28-ми април до 6-ти мај, предизвикувајќи драма.
– Би можеле да бркаме некој што ни е недостижен, што не прави поподложни на разочарување – вели таа и истакнува дека овој астролошки аспект „ја искривува информацијата“.
Ова, со други зборови, значи дека нема да можеме да ја видиме целата приказна ако не се потрудиме да дознаеме сè, така што овие денови не се идеални за планирање први состаноци или за разговор за да се утврди дали врската има иднина. Бидете трпеливи, бидејќи и ова ќе помине!
Астрологот Лиза Стардаст додава дека 11-ти април е еден од најсреќните и најинтензивните денови во годината, кој ни дава издржливост и можност да ги манифестираме нашите соништа, благодарение на неколку работи. Имено, ќе се случи Венера и Плутон да формираат тројка во Водолија, а истиот ден Сонцето и Јупитер да се израмнат во Овен.
- Тоа го прави еден од најдобрите денови во 2023-ти година - вели Страдастова.
Извор: glossy.espreso.co.rs