Доаѓа постуден бран: Температурите паѓаат за 8 степени, следната седмица локален дожд, и снег на планините - Прогноза на Славчо Попоски

Добивај вести на Viber

Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток, од денес, па и во почетокот на следната седмица температурите ќе опаднат за 4 до 8 степени во однос на сегашните, а облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на повремен локален дожд, додека на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава и на првата снежна покривка за оваа сезона таму, иако истата ќе биде тенка, пишува Славчо Поповски.

Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми, и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во понеделник утринските температури повторно ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека особено во Беровскиот регион температурата се очекува да се спушти до околу -7, -8 степени.

Што се однесува до максимални дневни температури, во почетокот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2  и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени.

Извор: Фактор