Додека таа го следеше триумфот на Ѓоковиќ, сите други гледаа во неа: Кејт Мидлтон на Вимблдон во фустан кој е олицетворение на женственоста (ФОТО)
Неверојатен тениски меч е забележан во четврт-финалето на овогодинешниот Вимблдон.
Новак Ѓоковиќ со маестрална игра, откако ги загуби првите два сета, го победи Италијанецот Јанико Синер од теренот на Ол-Ингланд клубот и обезбеди пласман во полуфиналето на можеби најважниот Грен слем турнир во светот.
Очекувано, на оваа средба присуствуваа и претставници на британското кралско семејство, а најголемо внимание во јавноста привлече Кејт Мидлтон. Сопругата на принцот Вилијам се појави во кралската ложа на централниот дел на Вимблдон во комбинација која ги привлече сите погледи.
И додека војвотката од Кембриџ го гледаше триумфот на Ѓоковиќ и уживаше во Вимблдон, на деветтиот ден од престижниот турнир каде што пристигна со својот сопруг - принцот Вилијам, сите други гледаа во неа.
Кејт Мидлтон се појави совршено стилизирана, како вистинска дама, како што тоа вообичаено се прави со години на оваа големо спортско случување.
Убавата бринета ги воодушеви сите присутни во женствен фустан кој паѓа во очи, а од нејзината омилена дизајнерка Алесандра Рич.
Овој светлосин фустан со бели реси е во миди должина, има долги ракави, украсен е со набори по целата должина, како и ремен околу половината.
Впечатливиот принт привлече внимание, а точките се дефинитивно безвременски тренд, кој секогаш придонесува за разиграноста, но и елеганцијата на комбинацијата.
Изданието Кејт го комплетираше со бели кожни мокасини со отворена потпетица, брендирана чанта во иста боја и прекрасни бисерни обетки.
Инаку Новаќ Ѓоковиќ направи неверојатен подвиг, буквално леташе на тенискиот терен, а видеото денес вирално се споделува:
извор:stil.kurir