Додека тој (68) гордо го покажува својот стомак, таа (54) гладува и вежба 2 пати на ден: „Многу се трудам да изгледам убаво“

Карла Бруни (54) дочека да ужива со сопругот Никола Саркози (68) по година полна со конфликти

Никола Саркози, поранешениот претседател на Франција и поранешната прва дама, моделот Карла Бруни уживаат со својата јахта крстарејќи по брегот на Средоземното Море.

Никола се опушти и уживаше во скокањето во морето и не го криеше заоблениот стомак и очигледниот вишок килограми. Но ова не и пречи на неговата сопруга Карла која го гушкаше и бакнуваше за време на целиот одмор. 

Меѓутоа, кога станува збор за личниот изглед, Карла Бруни е ригорозна. Неодамна изјави дека прави „големи напори“ за да ја одржи виткоста на модел.

Поранешната прва дама на Франција вели дека секој ден вежба по два часа на велосипед, пилатес и вежба за 'рбетот, за да биде затегната и витка. 

Карла неодамна ја видовме на пистата за време на ревијата на Балмен и Ив Сен Лоран, а манекенката во таа прилика изјави дека е чудно што повторно е на пистата, овој пат со модели кои би можеле да ѝ бидат деца. 

Карла призна дека оди на психолошка терапија за да го прифати стареењето, но и да го подобри квалитетот на бракот со Саркози.

„Можеби ја имам силуетата и стилот, но вложувам неверојатни напори да останам слаба: два часа спорт на ден, малку пилатес, малку велосипед... Убавината е и непријатност“.

Бруни во едно интервју изјави дека сака да ѝ пренесе неколку вредни животни лекции на својата ќерка и дека се надева дека нејзините деца ќе пораснат во добри луѓе.


Фото: Профимедиа

Извор:стилкурир