Договор за манекенка

Добивај вести на Viber

За некого по повреда и по операција, болницата е потребна за закрепнување и за смирување на психата, но на Стив очигледно не му одговараше. Додека ми се закануваше, не можев да ги следам неговите зборови кои и онака ништо не ми значеа, му ги набљудував мускулите од лицето како му се грчеа и создаваа огромна пукнатина на сред чело. 

„Боже, колку се изменил, со овој странец ли сум во брак!“, си помислив во себе. Го гледав со сожалување. Типично за неспособен човек кој кога ќе згреши, другите околу него ги обвинува. Од очите му летаа искри на сите страни, просто фрчеше со очите. Сакав да му се спротивставам, но сфатив дека ниту ме интересира, ниту неговите зборови допираа до моето срце. Седев и решив да не реагирам, едноставно чекав времето да помине за да си одиме.

Се отвори вратата од собата и влезе Елена со Перо, на Леа брат ѝ, и снаата Љупка. Тие кога ме видоа се израдуваа многу. Ме бакнуваа и ме гушкаа срдечно, од душа. Од мирисот и од топлината на нивните тела се разнежив и се расплакав. Овде, в туѓина немаше топол, домашен мирис на телата. Сè беше, вештачко, парфимирано. Леев солзи, сакав да ја растопам грутката од тага што ми тежеше во градите, што ми го притискаше срцето. Кога конечно се исплакав, замолчев додека ми се смири душата и го слушав нивното неврзано муабетење.

Разговорот беше весел, но сите под око ме погледнуваа од време на време. Перо и Љупка утринава кога излегоа, биле в полициска станица и Перо беше изненаден од професионалниот однос на полицијата. Беа среќни што конечно некои членови од бандата се веќе уапсени, а некои деновиве ќе ги уапсат. Кажаа дека докторите само кревале раменици. Рекоа сега да го посетат Стив и ќе одат повторно кај Леа бидејќи сакаат да поседат со неа. Перо му кажа на Стив: „Сами сте виновни со Леа. Со таква банда не се соработува. Сега е доцна, барем за Леа. Таа изгуби сè. Ако се освести ќе ѝ помогнеме. Но, за тоа, потоа“.

Сите се молевме за нивното здравје. Тагата, како и радоста, во заедништво со други луѓе се доживува на поинаков начин. Заеднички сите се чувствуваат посилни, моќни, еднакви. По кусо време, Љупка и Перо станаа и рекоа: „Кире нè чека долу да нè однесе. Ви благодариме за сè што правите за нас“. Потоа, се поздравија и си заминаа. Елена и јас се поздравивме со Стив и тргнавме накај дома. Ми заѕвони мобилниот, се јави Мајкл, беше краток и само ми кажа: „Вики, утре попладне во пет часот ќе те чекам. Јас ќе те земам и ќе одиме да потпишеш договор“.

Затворив и ѝ кажав на Елена: „Утре ќе одиме на разговор за договор за манекенство“. Таа климна потврдно и си продолживме. Стигнавме дома. Се качив горе. Бев пресреќна. Побрзав да им се јавам на моите за да им се пофалам.

Имав доста обврски, а дополнително сакав да се средам. Другиот ден едвај чекав да дојде. Околу пет часот, Мајкл дојде и ме зеде. Кога ме виде

Мајкл, беше воодушевен. Агенцијата се наоѓаше во друг град, но беше блиску. Влеговме. Внатре беше газдата на агенцијата и уште еден соработник. Кога ме видоа, се насмеаа задоволно и веднаш ми понудија договор. Не беше голема сумата, но како за првпат задоволителна.

Газдата се викаше Габриел, човек на средни години. Не беше убав, но имаше некоја харизма во него. Откако го потпишавме договорот, Мајкл се понуди да ме однесе дома, но Габриел ми рече: „Вики, ајде да прославиме за соработката. Обично со манекенките не прославувам, но сега имам и повод. Манекенките на модната ревија што се одржа минатиот месец се прогласени за манекенки на годината. Се надевам в година и ти ќе им се придружиш“. Мајкл инсистираше да тргнеме, но јас сакав да останам. „Мајкл, јас ќе ја донесам“, му кажа на Габриел. Мајкл замина и јас и Габриел останавме сами. Имав некоја чудна доверба во Габриел.

Отидовме во еден многу убав хотел. Седнавме да вечераме. Разговаравме. Добро што одев на курс, па се разбирав со Габриел. Јадевме и пиевме вино. Оркестар свиреше романтична музика. Станавме и танцувавме. Ме прегрна цврсто со неговото мускулесто тело. Бев како опиена. Успеав. Не можев ни да поверувам дека нешто убаво ми се случува. Габриел ме праша: „Дали да те однесам дома или вечерва да останеме во хотелов? Собите се прекрасни, услугата е феноменална, има преубава огромна сауна со помали сауни со џакузи“. „Зошто да не?, си помислив во себе. Сакам забава и дружење, а овој човек ме привлекува. Габриел не беше нападен. Не инсистираше, но јас решив да останам“.

Отидовме на рецепција, зедовме огромна соба со големо претсобје, бања, спална и огромна тераса. Седнавме на тераса. „Габриел немаме дупла облека“, му кажав. Смеејќи се, ми рече: „В сауна се соблекуваш и гол си цело време“. „Добро“, му одговорив засрамено. Потоа, слеговме во сауната. Многу беше убава. Имаше исцртано фигури, а стиловите беа мешани, но интересно се вклопуваа еден во друг. Кога влеговме, се соблековме. Сите погледи беа вперени во мене. Габриел се насмеа и додаде: „Вики, како газела си. Мирисаш на живот, ги мамиш луѓето да те посакуваат. И мажи и жени би го галеле твоето извајано тело, кое копнее да биде допирано и да биде посакувано.

Почнав да се смеам. И Габриел почна да се смее. Тој ја зеде луфата и почна да ме масира. Како ме масираше, неговиот кур прав како свеќа го чекаше својот плен. Дали од водата или од се заедно јас се возбудив. Почнав да го тријам Габриел со луфата. Габриел воздивнуваше. Потоа, ми рече: „Ајде да провериме во малите сауни дали е празно“. Влеговме прегрнати. Како искусен човек, Габриел почна да ме милува. Кога дојде до мојата врела мачка се наведна и почна да ја бакнува. Имаше енергија во себе и доста внимателно и со интерес работеше. Јас исто така сакав авантури. Го сакав овој секс особено на јавно место. Го фатив за неговиот кур. Беше влажен и топол. Почнав да го лижам, околу главчето а тој се грчеше и уживаше. Подоцна, влеговме во мал базен заедно. Се вртевме во водата и се бакнувавме. Полека ми го стави неговиот кур во мене. Осетив некоја врелина во мене.

Игравме заедно во миризливата вода, која ги нудеше разните чувства преку своите прекрасни мириси. Телата ни беа лесни, полетни. Габриел влегуваше во мене полека, но страшно и посакувано. „Не сум имал секс многу време“, дофрли и додаде: „Сакам вистинска, природна, свежа и чиста убавина.

Вистински порцелан“. Излезе од мене и ми се приближи одзади. Ме исполни до крај. Почна да ме ебе силно, машки. Нашите тела се споија и двајцата свршивме истовремено. Лежевме уште долго време, одморајќи се и уживајќи.