Доктор го зема во прегратка мртвороденчето па со сите сили се обиде да го оживее: По драматичната борба следеше момент поради кој плаче цел свет ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Докторите често се гледаат како херои - луѓе кои имаат моќ да спасат животи и да го направат она што многу луѓе мислат дека е невозможно. А видеото кое неодамна стана вирално на интернет е совршен доказ зошто ова мислење е сосема оправдано.

Видеото во кое докторот целосно смирен и фокусиран излегува од операционата сала држејќи новороденче без знаци на живот, а потоа користи разни медицински помагала за да го врати во живот, го расплака и воодушеви светот.

Како што можете да видите на видеото, иако изгледало дека бебето нема знаци на живот, лекарот не изгубил надеж и веднаш почнал да се бори за животот на малечката.

Тој веднаш почнал со итни напори за реанимација, користејќи ја целата медицинска опрема што му била на располагање.

Иако бебето на почетокот не реагирало, лекарот не се откажал и продолжил со напорите. И тогаш, како од чудо, во моментот кога сите изгубија надеж, се слушнал бебешки плач.

„Ако има рај, овој доктор ќе оди таму“

Тој момент на радост и олеснување е снимен и стана вирален хит на социјалните мрежи. Видеото најпрво беше споделено на Инстаграм, а за кратко време стигна до сите други платформи, каде луѓето можеа само да му се заблагодарат на докторот за чудото што го направи.

„Ако има рај, овој доктор сигурно ќе биде таму“, „Нека го следат сите молитви на овој свет“, „Гледам и плачам, ова е нереално“, напишаа луѓето.


Херои во бело

Уште еден трогателен пример за медицинско чудо доаѓа од Индија, каде лекар успеал да спаси деветгодишно девојче од Кандва, кога без операција успешно и извадил игла заглавена во стомакот.

Девојката Сафија Патан пред неколку дена случајно проголтала остра игла, предизвикувајќи силна болка во стомакот. Нејзиното семејство барало и пробало разни домашни лекови, но ништо не помогнало. Потоа решиле да ја однесат Сафија на лекар, што довело до нејзино опоравување.


ФОТО: Принтскрин Твитер