Докторката која прва предупреди на омикрон сојот откри два симптоми кои се јавуваат на почетокот на инфекцијата стелт омикрон
Стелт омикронот за кој предупредуваат лекарите ширум светот пристигна во Србија, а ова се двата симптоми кои најчесто се појавуваат.
Подваријанта на сојот омикрон наречен БА.2, попознат како стелт омикрон, пристигна во Србија на 7 февруари, кога беше регистриран првиот случај на инфекција. Експертите велат дека тој е уште позаразен од оригиналниот омикрон BA.1, но дека нема податоци кои би докажале дека доведува до посериозна болест.
Двата најчести симптоми на стелт омикрон
Самиот Омикрон сè уште се смета за поблага варијанта на вирусот, а најчесто е придружен со симптоми како течење на носот, болки во грлото, главоболка, замор, кивање, болки во телото, ноќно потење, губење на апетит и повраќање.
Има и „мозочна магла“, осип на телото, конјунктивитис.
Што се однесува до стелт омикронот, судејќи според собраното искуство досега, еден од најраните знаци на стелт омикрон е вртоглавица.Вториот најчест симптом е заморот, предупредува д-р Анѓелик Кици, докторка од Јужна Африка, која прва наишла на сојот омикрон.
Foto:youtube
Два најрани симптоми на омикрон: Сите го имаат ова пред температура и кашлица