Долг фустан, најпопуларната фризура и ефективни детали: Лепа Брена во комбинација која прави да изгледате неодоливо (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кога таа се појави, никој не можеше да одолее да не и даде комплимент.

Пејачката Лепа Брена настапи во еден клуб во главниот град на Србија  каде ги забавуваше присутните до раните утрински часови.

Како што очекувавме, Брена уште еднаш ги воодушеви сите со својот стајлинг кој буквално сите ги остави без здив. Се одлучила за зелена тоалета со многу интересен крој. Долгиот фустан ја истакна нејзината извајана фигура, но длабокото деколте го истакна и заштитниот знак на Брена совршени долги нозе.

View this post on Instagram

A post shared by Grand tv (@grand_televizija)



Два детали беа највпечатливи, а тоа се долгите ракавици кои се дел од оваа креација и кои му даваат сосема впечатлив изглед на нејзиниот стајлинг. Уште еден детаљ кој е особено ефикасен е блескавиот додаток на градите кој го „крши зеленилото“.


Пејачката за да додаде повеќе детали кои одлично би се вклопиле во нејзината комбинација, избрала златни алки, но и ефективни обетки и темни наочари кои го заокружиле комплетниот изглед. Секако, никој не можеше да го тргне погледот ниту од нејзините сандали, кои совршено одговараа со комплетниот накит и фустан што таа го избра.


За потсетување, пејачката неодамна призна дека од бројните обврски успева само да се одмори на јахта.

— Не можам да се одморам во хотели, не сакам да се шминкам, да носам чанти, штикли. Ја сакам дивината, каде што нема гужва, прекумерна музика, мир. Воглавно тоа е на јахта, крстариме малку, пловиме... Никогаш не сум се одморила толку добро како кога крстарев. Сакам читање, медитација, малку јога, пливање, пешачење, лесна храна. Медитеранскиот дух – откри тогаш Брена за „Телеграф“.


Фото: Инстаграм Screenshot