Домашна маска од јаглен која експресно ги чисти акните

Добивај вести на Viber

Црната пилинг маска против акни е хит во целиот свет. Многу производители за козметика ја продаваат онлајн веќе неколку години наназад, а во последниов период може да се најде и во дрогериите кај нас. 

Оваа маска за која велат дека експресно ги чисти акните може да се направи и во домашни услови. 

Еве го рецептот: 

Во еден сад прво ставете неколку парчиња активен јаглен. Потоа додадете една кесичка желатин и добро измешајте ги состојките со жешка вода. 

Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја неколку минути да се стврдне. Полека излупете ја и измијте го лицето со млака вода. Резултатот би требало да биде видлив веднаш.