Домот на Ана Ивановиќ е вистински рај: Може ли да погодите кое е нејзиното омилено катче?

Добивај вести на Viber

Домот на Ана Ивановиќ е вистински мал рај на земјата и поранешната тенисерка често покажува како изгледа нејзината куќа. Вилата на Мајорка ја купи додека професионално играше тенис, а бидејќи во меѓувреме се омажи и ги доби синовите Лука и Леон, мораше да го реновира ова луксузно знадение.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) on


Тамошните медиуми пишуваат дека српската убавица на преуредување на куќата од 950 квадратни метри, која се наоѓа на плац од 5.900 метри квадратни, потрошила дури 4.5 милиони евра.

Ана обожува да го поминува времето на тераса и да ужива во погледот кон градот и морето. Тука и тренира, но сака и да се осами и да чита книга, па една таква фотографија сподели на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) on


„Мило лето, те молам никогаш не напуштај не. Кој е вашето омилено катче за читање книги?“ - ги праша Ана своите обожаватели.

Ана оваа вила ја купи во 2008 година во текот на својата кариера, а бидејќи таа и нејзиниот сопруг се пензионираа, семејството донесе одлука да се пресели од Чикаго.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) on


„Поминавме три прекрасни години во Чикаго, децата се родени таму и имаме голем број на пријатели. Но, како семејство постојано сме во движење. Децата се навикнаа од мали нозе на константни промени на местата на живеење и окружување“ - објасни Ана и додаде дека верува дека патувањата го стимулираат нивниот развој.

Може да ве интересира:

(ФОТО) Семејно уживање на јахта: Тенисерката Ивановиќ со семејството одмараат на Мајорка