Домот на Тијана Дапчевиќ: Пред првото кафе не ги знам буквите

Добивај вести на Viber

Ритуалот првото утринско кафе да го пие на мира, го негува Тијана Дапчевиќ. Пејачката, музичарка и актерка објави фотографија од својот дом во Белград како ужива во овој ритуал. Тијана во свој стил вели дека додека не го испие првото кафе, таа не ги знае сите букви.

„Додека не го испијам првото утринско кафе, и тоа она домашното (во народот познато како „бунарка“ јас не ги знам ни сите букви, ниту нотите, ниту нешто гледам (ниту ме интересира). Сакам само на мира да го испијам кафето и да „скролам“, па забавата од обврски може да започне“, напиша Тијана на Инстаграм.

Таа на фотографијата е во опуштено издание, и изгледа дека воопшто не ѝ пречи креативниот неред во кој ужива. Друштво ѝ прави нејзиното виолоночело.