Дона Дерико се прослави во серијата „Чувари на плажата“: Ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во шестата деценија од животот

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“ Дона Дерико со својот младешки изглед предизвикува воодушевување кај обожавателите и во шестата деценија од животот, а им откри што всушност крие нејзината тајна

За време на снимањето на серијата која ја прослави, 54-годишната Дона донекаде беше во сенка на славната Памела Андерсон, за која тогаш најмногу се зборуваше, но оттогаш не се промени многу. Во едно од интервјуата таа откри дека може да се заблагодари на исхраната базирана на растенија што ја следи и дека веганството за неа било вистинско откритие.

View this post on Instagram

A post shared by (@donnaderrico)


„Искусив бројни придобивки, како што се почиста кожа, подобро варење, подобар сон, но тоа не е причината зошто го правам тоа“ - откри таа во едно од интервјуата.


Дона исто така избегнува изложување на сонце колку што е можно повеќе.

„Постојано на себе имам крема за сончање, без разлика на сезоната. Ако сакам малку боја ќе ставам средство за самопотемнување или хидратирана крема во боја. Сакам да се грижам за својата кожа најдобро што можам и првата работа што можам да ја направам е да се држам подалеку од сонце“, заклучи таа и призна дека е горда на својот младешки изглед.

Дона неколку пати позираше за магазинот „Плејбој“, се соблече за да собере пари за спасување на жртвите на трговија со луѓе, едукација на ранливите луѓе и помагање на преживеаните да се вратат во независен живот.

View this post on Instagram

A post shared by  (@donnaderrico)


Од 1996-та до 2007-ма година беше во брак со рокерот Ники Сикс од бендот „Mötley Crüe“, а со него ја доби ќерката Френки-Жан Сикс. Двојката имаше турбулентен брак, во текот на кој неколку пати раскинуваа поради неговата зависност. Тој го има синот Рајан Дерико од претходната врска.

Извор: dnevnik.hr