Доналд Трамп сѐ најлошо за Меган Маркл: Му посакувам на Хари среќа во бракот, дефинитивно ќе му треба

фото:Profimedia

Доналд Трамп и Меган Маркл повторно се во центарот на вниманието на јавноста, а овојпат отиде и чекор подалеку со коментарите за неа.

Не е тајна дека Доналд Трамп никогаш не ја „мирисал“ Меган Маркл. Поранешниот претседател на САД постојано ја коментира сопругата на принцот Хари во негативен контекст.

- Не сум обожавател на Меган Маркл. Би сакал да го истакнам ова: Му посакувам на Хари среќа во бракот, дефинитивно ќе му треба – рече тој на конференција во Белата куќа минатата година.

Овој пат Трамп отиде чекор понатаму. Во интервју кое неодамна го даде за Најџел Фараж, контроверзниот бизнисмен ја обвини војвотката од Сасекс дека не ја почитува кралицата и го користи Хари во тоа.

- Не сум нејзин обожавател, од првиот ден. Мислам дека Хари е искористен и мислам дека еден ден ќе зажали – рече Трамп и ја посочи Меган како главен виновник што британскиот принц ги сведе на минимум односите со семејството.

И тоа не е крајот. Поранешниот претседател тврди дека постојат одредени индиции дека двојката му помогнала на Џо Бајден да победи на изборите.

Според него, Меган ја искористила својата титула кога контактирала со републикански сенатори обидувајќи се да направи работи што не се соодветни.

извор:stil.kurir