Достојно стареење: Како се негува Елизабета Втора?
Има 93 години и од сите познати личности кои се активни во трето доба, токму таа најубаво старее. Шведскиот бренд за здравје и убавина FOREO објави податоци од истражувањето за најубавите стари ѕвезди, а кралицата Елизабета Втора се најде на второто место, веднаш по актерката Хелен Мирен која, пак, за волја на вистината е 20 години помлада од неа. Дури 13 отсто од популацијата во Велика Британија смета дека кралицата изгледа одлично за своите години и дека е една од ретките дами кои достојно стареат.
Кои се нејзините тајни?
Елизабета е секогаш нашминкана со вкус. Карминот е неизоставен, но и незаменлив дел од нејзиниот мејкап. Брендот Clarins во 1953 година доби понуда да направи за кралицата специјален кармин со нијанса што совршено ќе го нагласува тонот на нејзината кожа и кој успешно ќе го комбинира со протоколарниот аутфит. Името на овој производ е Balmoral во чест на истоимениот имот.
Елизабета Втора со години ги користи производите на Elizabeth Arden. Омилени нијанси на една од најмоќните жени во светот се розева и црвена. Кога станува збор за чистење на кожата, Елизабета Втора им верува на Molton Brown и на Bronnley.
Ако им се верува на лондонските експерти за убавина, таа веќе подолг период ја користи хидратантната заштитна крема Eight Hour Cream Elizabeth Arden. Според истите извори, во нејзиниот несесер секогаш мора да има место и за кремата за раце и за нокти Jeunesse des Mains Clarins.