Доза позитивни мисли: Ќе ве мотивираат за работа

Чувствувате тензија и замор и ви се чини дека времето до крајот на работниот ден се побавно тече? Имате потреба од итна доза мотивација. Набавете си ја со овие инспиративни цитати на познати личности.

-„Сакате да знаете кој сте? Не прашувајте. Постапете! Дејствието ќе ве претстави и дефинира.“  Томас Џеферсон

-„Ништо на овој свет не е целосно погрешно. Дури запрениот часовник го покажува часот правилно два пати на ден.“ Паоло Коељо

-„Прифати ја реалноста таква каква што е. Не каква била или каква ти сакаш да биде.“ Џек Велч

 -„Талентот е одлично нешто, но тој нема да се пренесе начовек кој се откажува.“ Стивен Кинг

-„Љубопитноста е моторот на постигнувањата.“ Кен Робинсон

 -„Успешните луѓе секогаш се во потрага по можност да им помогнат на другите. Неуспешните луѓе секогаш прво прашуваат: „ А јас што ќе добијам од тоа?“ Брајан Трејси

-„Инспирацијата постои, но треба да ја најдеш работејќи.“ Пабло Пикасо

-„Отфрлањето е предизвик.“ Веронука Порсел

-„Тешкотија е оправдувањето што историјата никогаш не го прифаќа.“Едвард Мороу

-„Професионалец е оној кој ја извршува најдобро работата, додека чувствува дека најмалку му се работи“ Френк Лојд Рајт

-„Парите се само идеја.“Роберт Kиосаки

-„Мојата животна филозофија беше дека тешкотиите исчезнуваат кога се пречекани смело.“ Исак Асимов

-„Никогаш нема да го преминеш океанот, додека не се осмелувиш да го изгубиш брегот од очи“ Кристофер Колумбо

-„Или ти управуваш со денот, или денот управува со тебе.“ Џим Рон

-„Иновацијата го разликува лидерот од последователниот.“ Стив Џобс

-„Тоа што го правиш, зборува толку силно што не можам да слушнам што кажуваш“ Ралф Валдо Емерсон