Доживеа нервен слом пред ќерката, па исчезна од лицето на земјата: Не можете ни да замислите што прави сега популарната пејачка

Преголемите очекувања ја потиснаа, па Нели Фуртадо доживеа нервен слом за време на концерт.

Нели Фуртадо е родена на 2 декември 1978 година во градот Викторија, Британска Колумбија (една од десетте канадски провинции). Нејзините родители, Антонио Хозе Фуртадо и Марија Мануела Фуртадо се од островот Св. Мигел (Азори), но во доцните 1960-ти морале да емигрираат во Канада.

Пејачката Нели Фуртадо често го истакнувала своето португалско потекло, а на овој јазик почнала да пее дури на четири години.

Светската слава ја стекна со хитовите од раните 2000-ти кои сè уште носталгично се вртат на многу индивидуални плејлисти - „I'm Like A Bird“, „Promiscuous“ и легендарниот „Maneater“. Меѓутоа, откако повеќе од пет години ја држеше завидната позиција на светски позната пејачка и откако беше на врвот на сите музички топ листи, таа одеднаш исчезна „преку ноќ“.


Канадската пејачка ја напушти музичката кариера, но и светската слава, бидејќи, како што кажа еднаш, во 2006 година доживеала нервен слом.

„Имав нервен слом на сцената“, изјави таа подоцна за Daily Mail во 2017 година. „Бев на турнејата „Loose“ со ќерка ми. Бев, во исто време, мајка и пејачка на пат“, додаде таа.

Потоа за време на еден настап на турнејата излегла на сцената и сфатила дека е под голем стрес, а притисокот бил преголем.

„Всушност плачев додека пеев две песни. Тогаш решив дека ќе се одморам од музиката и ќе се вратам дома. Дури откако влегов во мојот дом сфатив дека моето семејство е се‘ што ми треба.“ рече во интервју за Дејли Меил во 2017 година.


Истакнала дека премногу „пукала високо“, и дека не сфаќала со колкав стрес се справува. Таа призна дека едноставно повеќе не може да го издржи притисокот на славата и потенцијално блескавата кариера.

„Беше премногу за толку кратко време“, додавајќи: „По две години интензивни турнеи и концерти, поминував часови во мојот дом во Лос Анџелес, зјапајќи во подот“.

Истата година, кога даваше интервјуа, го издаде својот соло албум „The Ride“, но не помина најдобро. Успеа да продаде само 1.814 примероци низ Америка.

Каде е денес Нели Фуртадо?

Откако неуспешно се обиде да се врати на музичката сцена со албумот „The Ride“, канадската пејачка набрзо сфати дека повеќе не плива во музичките води, поточно, во новите трендови и дека не сака да го менува личниот израз заради потенцијалната слава. Таа реши да основа своја издавачка куќа, бидејќи, како што откри еднаш, сака да им помогне на младите уметници да ги имаат сите права над нивните песни.

Во таа прилика за магазинот Форбс изјави дека е задоволна од конечниот исход на нејзината професионална кариера.

„Моментот кога основав сопствена издавачка куќа беше клучен за мене, бидејќи конечно се почувствував како да ги поседувам моите песни“, заклучи таа.


Фото: pinterest/Youtube - screenshoot

Видео: Youtube