Др. Ангелчо Андоновски: Морската вода може да биде медиум за пренос на корона вирусот?
Очекуваме пад на кривата и враќање на животот кон нормала, а со тоа и непреченост во движењето насекаде низ Европа и светот, вели во интервју за Фактор, д-р. Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за бедлодробни заболувања кај децата „Козле“ и член на Комисијата за заразни болести. Потенцира дека Комисијата за заразни болести ќе разговара и ќе даде препораки за уште многу важни прашања, а едно од нив е секако отворањето на границите, но истовремено нагласува дека за да се случи тоа, треба да бидат исполнети условите. Непочитувањето на препораките даде поразителни резултати, вели д-р. Андоновски и тоа не смее да се повтори. Во однос на летувањата, за кои јавноста и покрај сè, е најзаинтересирана, смета дека морето може да биде силен медиум за трансмисија на корона вирусот.
Во текот на оваа недела претстои уште доста работа на Комисијата за заразни болести. И покрај последниов карантин, како и зголемениот број на заразени со корона вирусот, јавноста сепак ја интересира кога ќе се отвори земјава. Ќе разговарате ли за отворањето на границите и аеродромите. Најголем дел од земјите таква одлука донесоа за од 1.јуни, но тамошните влади кои веќе ја истакнаа листата на земји за кои ги отвораат границите, не ја наведоа и Македонија меѓу останатите? Како доктор, но пред се и како член на Комисијата, кои се условите кои треба да ги исполниме за да станеме безбедна земја барем за најблиското соседство?
Д-р. Андоновски: Е токму ова е најголемиот парадокс кој треба да биде одговорен во нај кус можен рок. До сега комисијата за заразни болести ги носеше најправилните одлуки и за тоа постојат записници кои апсолутно потврдуваат дека се што било донесено било согласно највисоките епидемиолошки и лекарски ставови.