Драган Бјелогрлиќ: Ме боли единственото прашање на ќерка ми за кое немам одговор

Славниот актер, режисер, сценарист и продуцент Драган Бјелогрлиќ во колумна за „Turning Point“ напиша искрени зборови за својата ќерка Миа:

- Покрај емотивните лузни кои сигурно уште долго ќе зараснуваат, ќе остане врежано и едно прашање на мојата ќерка- на кое немав одговор.

Во постојаните настојувања да ја убедам да се обиде да најде причина и да остане да живее во Србија, во еден од многубројните разговори, ми рече дека не ѝ пречи сиромаштијата и фактот дека Србија некогаш ќе биде земја во која повеќето ќе може да живеат нормално од своите примања. Ми рече дека знае дека Кнез Михајлова никогаш нема да биде како Кертнер Штрасе во Виена или Шанзелизе во Париз, и дека баш ѝ е гајле за тоа. Убава е и таква. Ракажа многу убави работи за нашата земја и зошто би сакала да живее баш тука, но ја мачеше само една работа...

Дали е неопходно сиромаштијата да ја следи и примитивизам? Дали општата деградација на вредностите е незаобиколувачка последица на економскиот застој? Дали овде секогаш примитивците „го водеа орото“, а пристојните луѓе се обидуваа да изградат свој алтернативен живот?

Преведено на јазик на младите: „Дали мене цел живот „сељаците“ ќе ми кажуваат што е добро,а  што не? Дали за нив веќе однапред се резервирани скапоцени автомобили и луксузни сепариња, а за останатиот свет трамваи, автобуси и зачадени биртии? Дали таа поделба е завршена, тато?

Секој родител знае дека едно од најтешките работи во животот е она кога роденото дете ти поставува прашање на кое немаш одговор.

Фото: Александар Јовановиќ Циле