„Драги, однеси ја Мими на градинка...“ „Драга решивме да не одиме во градинка денес“
Една жена на службено патување на својот маж му пишува СМС:
„Драги, накусо. Треба да бидеш во градинка 8: 10-8: 15. Значи, разбуди ја Мими во 7: 30-7: 35. Облечи ѝ ги хулахопките, темно сините фармерки, маичката од втората фиока, на дното, виолетова или малина боја (фиока - втора, дно). Сè е таму.
Земи го розевиот фустан - виси во нашата гардероба, на мала закачалка, бели чорапи и сандалите. Во градинката ќе ја пресоблечеш. Обиди се да ѝ направиш две опашчиња. Стегачите се наоѓаат во фиоката на горниот плакар, во бела кутија.
Потоа види какво ќе биде времето. Или облечи и го розевиот мантил, виолетова шапка и розова марама, или зелената бушава, иста шапка без шал, на нозе - новите чизми.
Ако не најдете нешто, јавете се и прашајте, сè уште не спијам. "
Мажот накратко ѝ одговорил:
„Решивме да не одиме во градинка денес".