Дуна со иновативен производ за заштита од Ковид-19: Мери температура, скенира ликови и маски

Добивај вести на Viber

Иновативен уред кој може многу да промени во смисла на заштита од ширењето на коронавирусот во училишта, компании, институции нуди домашната компанија Дуна. Станува збор за таканаречениот Вектор-19 кој всушност е високо квалитетен бесконтактен термален терминал. На пазарот овде се појавува како резултат на соработката на Дуна со нивниот долгогодишен странски партнер за IoT решенија. 

Од компанијата велат дека како иновативна и општествено одговорна активно се вклучиле во наоѓање решенија кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот.


Производот е нов и во неговата суштина впрочем е заштита во борбата со коронавирусот но и превенција за сите идни закани од инфекции и болести кои се манифестираат со покачена телесна температура.

Вектор-19 е уред кој може да се инсталира во која било просторија, во компании, во училишта, болници, во државни институции. По инсталирањето преку него се овозможува мерење на температурата на секој кој влегува во просторијата, му се препознава ликот и се контролира носењето односно неносењето маска. Снимањето е во текот на 24 часа и има континуиран мониторинг.

„Вектор-19  се поставува на влезна точка во објект. При приближување на лице на далечина од 2 метри уредот автоматски се активира и прави бесконтактно скенирање на лицето по што за помалку од 3 секунди ја испишува телесната температура, го потврдува влезот доколку лицето е на листа на вработените и го предупредува да стави маска доколку е вклучена опцијата за проверка на носење на маска. Уредот води целосна евиденција за влез на вработените, овозможува отворање на електрична врата или бариера доколку се исполнети сите услови – нормална температура, носење на маска, е вработен во компанијата или е на листа на дозволени посетители во компанијата, вели Александар Пајковски од Дуна.

Два апрати веќе се однесени во домашни болници. Инаку станува збор за компактен систем кој има голема прецизност и брзина и во никој случај не може да измами. Уредот има високи перформанси, прилагодлив е во различни простории. Тој автоматски го детектира ликот, ја прикажува температурата на телото и има инсталиран алгоритам за детекција на маската.

Ова решение впрочем не е само моментална потреба туку инвестиција во иднината на која било компанија како превенција од сите идни закани од инфекции кои се манифестираат со висока температура вклучувајќи го и обичниот грип кој во сезона може да однесе на боледување од 30 до 50 отсто од вработените доколку дојде еден кој е болен.  

Александра Томиќ