Дури и длабокото деколте на Оливија Вајлд беше фрлено во сенка: Најубавите изданија на гала вечерта што го собра кремот на Холивуд

Добивај вести на Viber

Селена Гомез и Хејли Бибер го „срушија интернетот“ со нивната средба на настанот, но тие не беа единствените суперѕвезди на црвениот тепих за гала вечерата во Музејот на филмски уметности

Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа „Academy Museum of Motion Pictures 2nd Annual Gala, Presented by Rolex“ на кој се собраа голем број познати личности.

Најистакнатите имиња на светскиот шоубизнис присуствуваа на долгоочекуваниот настан и собраа повеќе од 10 милиони долари за да ги донираат во Музејот. Вечерта беше посветена и на Мика Ли, Стив Меквин и Тилда Свинтон, како и на Џулија Робертс, која ја доби наградата Икона за нејзиниот придонес во уметноста.

View this post on Instagram

A post shared by (@wmag)


На црвениот тепих прошетаа голем број познати личности, а тема на вечерта секако е средбата на пејачката и актерка Селена Гомез и манекенката Хејли Бибер меѓу кои со години има тензии. Сепак, Каја Гербер, Оливија Вајлд, Амал и Џорџ Клуни, Џоди Тарнер-Смит не останаа незабележани.

View this post on Instagram

A post shared by PopBuzz (@popbuzz)


Со оглед на важноста и свеченоста на настанот, гостите се потрудија да изгледаат многу гламурозно, па имавме можност да ги видиме тоалетите од најновите колекции на престижни модни куќи и незаборавни изданија. Кога станува збор за впечатокот од вечерта, тоа секако е актерката и режисерка Оливија Вајлд, која облече „couture“ фустан од „Alexandre Vauthier“ кој малку ги откри нејзините гради, а меѓу најдобро облечените беа Амал Клуни во прекрасен зелен фустан на Дел Кора и Џесика Честејн во модната магија на куќата Оскар де ла Рента.

Кој и како се дотерал – дознајте во галеријата.

View this post on Instagram

A post shared by (@styleorbits)