Два хороскопски знаци ќе кажат „ДА“ во септември
Овен
Толку сте заљубени што не можете да поверувате дека сето ова ви се случува токму на вас. Секогаш сте мислеле дека љубовта е недостижна за вас и секогаш ќе треба да се борите за неа. Понекогаш, сепак, добиваме подароци од судбината која нè потсетува колку заслужуваме всушност, и дека понекогаш многу се потценуваме. Септември ќе биде крајно емотивен за вас. Саканиот човек ќе ви покаже колку ве сака и како секогаш сметал дека токму за вас ќе се ожени. Предлогот за брак ќе дојде во исклучително романтичен момент. Ќе се чуе едно гласно "ДА!".
Риби
Вие дури и не замислувавте дека љубовта може да се развие толку брзо. Понекогаш животот е непредвидлив и ни покажува колку изненадувања има сам по себе. А ние сме само дел од сè што треба да се случи. Очекувате добри настани во средината на септември. Најпосле ќе го чуете она прашање што го чекавте цел живот. Предлогот за романтичен брак, исто така, може да се случи на патување, и ова ќе биде уште поемотивно. Ќе почувствувате колку сте подготвени за тоа и нема да имате никакво двоумење - ќе знаете дека ова е човекот со кој сакате да го поминете остатокот од вашиот живот.