Два пати преживеа клиничка смрт, го закопа брат ѝ, син ѝ заврши зад решетки: Шокантната судбина на Ханка Палдум

Беше најубавата девојка во градот, се омажи па се разведе, синот ѝ заврши во затвор

Босанската пејачка, која важи за една од најголемите негувателки на севдалинките, Ханка Палдум, својот прв афинитет кон музиката го покажа во родното Чајниче.

Родена е на 28 април 1956 година во семејството на Муја и Пембе Палдум, кои пред Ханка го добија синот Мустафа, а потоа ги добија и синот Смаил и сестрите Раза и Расема. Помладиот брат на Ханка, Смаил, кој почина од рак на белите дробови на 50-годишна возраст, е главниот виновник за музичките почетоци на пејачката, бидејќи и бил голема помош и поддршка за да успее на тој пат.

Сепак, легендарната пејачка најубавите работи во животот ги запозна крај нејзиниот три години постар сопруг Мурадиф, со кој ги доби ќерката Минела и синот Мирза, но нивниот брак заврши по тринаесет години. Оставајќи ги прекрасните, но и многу помалку пријатни настани да се испреплетат во нејзините сеќавања.

„Како што минуваат годините, се потешко ми е да се сетам на настаните што ми се случија пред три дена, но моите сеќавања од детството се сè поживи секој ден. Никогаш нема да го заборавам првиот училишен ден и невниманието што го чувствував не знаејќи каква сум. Пораснав во строго патријархално семејство во кое за женските деца важеа посебни и построги правила и затоа со нетрпение чекав да одам на училиште бидејќи тоа беше можност да запознаам некои нови луѓе. Нашата прва сосетка која во нашата куќа живееше како кираџика, Албанката Хилмаја Јунику прва ги забележа моите гласовни способности. Обожаваше да ме слуша како пеам, па често знаеше да ги замолчи и смири другите деца за да можам да се изразам, објаснувајќи им дека додека пеев јас, таа имаше чувство дека слуша радио“.

„Пред да одам во средно училиште, на барање на моите родители, се преселивме во Сараево, што беше многу тажен период за мене, но набрзо се навикнав на новата средина“, вели Ханка, чија најголема поддршка во животот и кариерата бил и брат ѝ Смаил.

„Еден ден мојот сега починат брат реши да ме одведе во културно-уметничкото друштво „Будуќност“, верувајќи дека таму одлично ќе се вклопам. Имајќи предвид дека моите родители беа многу строги и немаше шанси да ми дозволат да одма на аудиции, со помош на брат ми, излегов низ прозорецот и пешачевме петнаесетина минути до собирното место на членовите на друштвото. Кога ме слушна како пеам тогашниот директор на „Будучност“ Марјан, веднаш рече дека сака да бидам негов член. Но познавајќи го својот татко знаев дека речиси е невозможно таа желба да се оствари, но благодарение на господинот Марјан кој некако го убеди и мојот најстар брат Мустафа, кој се согласи да ме придружува на моите патувања, го убедивме и почнав да пеам и глумам во тоа културно-уметничко друштво. Мојата енергија и истрајност во ставовите, како и желбата да правам музика, придонесоа за мојот одличен настап“, открива пејачката која во младоста ја погодила голема трагедија.


„На самиот почеток на моите настапи се соочив со голема тага кога почина татко ми. Бевме семејство во кое секогаш знаевме кој коси, а кој носи вода и секогаш бевме еден за друг. Кога умре татко ми, мојот најстариот брат го презеде управувањето со домаќинството, целата одговорност и грижата за семејството. Мајка ми како деца не‘ научи дека како браќа и сестри мораме секогаш да бидеме еден за друг. Знаеше да не опцуе кога забележуваше дека ние се расправаме и дека меѓу себе не разговараме. Вистинската братска и сестринска љубов и среќа ја сфативме кога созреавме и оттогаш сме неразделни и голема поддршка еден на друг“.

Ханка важеше за една од најубавите девојки во Сараево, поради што беше постојано на мета на додворувачи додека одеше во средно училиште.

„Деновите на младоста и тинејџерството се периодот кога се будат љубовта и првите емоции. Имав симпатии, а секогаш ме привлекуваа фини и културни момци кои на некој начин се разликуваа од околината. Тогаш не беше учтиво да се изразуваат емоциите јавно, затоа што ќе ни беше срам. Имаше многу момци кои се обидуваа да ме освојат и кои се интересираа за мене, но јас ги избегнував бидејќи се плашев од љубовта, знаејќи што носи со себе. Мојот прв дечко беше всушност мојот сопруг, со кој на почетокот само се дружев. Мајка ми не ми дозволуваше да останам надвор до доцна, па се гледавме на пат кон училиште. Мурадиф беше студент по литература кога се запознавме, а јас бев средношколец. На почетокот беше многу љубезен и имаше прекрасни манири. После училиште често одевме заедно на кафе и лимонада, полека и долго ме освојуваше, па успеа да направи да се заљубам во него“.


„Се венчавме во Дувно (денешен Томиславград) во 1976 година, во местото каде што порасна Мурадиф, бидејќи неговиот татко како дете се преселил од Ливно, од каде што потекнува семејството Бркиќ“.

По стапувањето во брак, таа и нејзиниот сопруг ја основаа издавачката куќа Сараево Диск, за која ги објави некои од нејзините најголеми хитови.

„По дипломирањето и отслужувањето војска, мојот сопруг реши да основа издавачка куќа со помош на пријателите - браќата Џирло. На некој начин ги комбиниравме рокенролот и народните мелодии за да направиме вистински пресврт во народната музика. Јас имав среќа што на самиот почеток од мојата кариера публиката ги сакаше песните што ги изведував, а меѓу нив беше песната „Voljela sam, voljela“. По одличната соработка со Милиќ Вукашиновиќ, кој компонираше за мене, дојде до молскавичен успех и освојување на нови простори. Сè се случи нагло, а тоа го поткрепува и тоа што моето име беше напишано како Ханко на плакатите кои го најавуваа концертот во Ниш“.


Неколку години по нејзината молскавична популарност, таа за прв пат ја постигна улогата на мајка. Во 1981 година, ја родила ќерката Минела, а пет години подоцна го родила синот Мирза.


„Имав многу тешки породувања, и за време на двете доживеав клиничка смрт поради здравствени компликации. Моето породување со Мирза беше потешко - бев мртва неколку минути, што не сакам да го паметам. Мајчинството го доживеав како природна секвенца на нештата во животот и секогаш се сметав себеси првенствено за жена и мајка, па дури потоа за уметник. Минела отсекогаш била мојата десна рака, голема помош, а особено кога беше мала, можев да се потпрам на неа“.

Иако нејзиниот сопруг ја водеше нејзината кариера на вистински начин, розите не цветаа во нивниот приватен живот. Затоа решиле да стават крај на заедницата по 13 години брак.

Пејачката по разводот се посвети на работата и се заљуби во белградскиот фудбалски тренер Миладин Живадиновиќ. Тој ја придружувал на концерти, заедно патувале во Кувајт, а тогаш се шушкаше и дека тој ја запросил. Пејачката наводно одбила да се омажи за него, па набрзо се разделиле. Во 2015 година како бомба одекна веста дека нејзиниот син Мирза имал сообраќајна несреќа, по што завршил во затвор и бил осуден на 2 години затвор. Пејачката не криеше дека и било многу тешко.

„Мене ми е тешко како и на секоја мајка, но таа емоција ја чувам за себе. Многу луѓе ја злоупотребуваат мојата несреќа, но јас не се навраќам на такво нешто. Мојот син е добро, од една страна, а од друга не може да биде добро, затоа што е во затвор“, рече еднаш Ханка.


Фото насловна: Youtube - screenshoot - Sanela Prašović Gadžo

Видео: Youtube

Ова е ќерката на Неда Украден: Има 41 година, три деца и е вистинска убавица (ФОТО)