Двајца холивудски великани во 7-та деценија од животот го воодушевија светот: Е, ова е модна ревија! (ФОТО)
За време на викендот на ревијата на брендот Прада беше
претставена машката колекција за есен/зима 2022 година, а посебна атракција на
пистата беа двајца холивудски великани кои овој пат се покажаа како модели... И
тоа го направија маестрално!
Кајл Меклахлан, ѕвездата на сериите „Твин Пикс“ и „Сексот и градот“ го отвори шоуто на Прада, а славниот 62-годишник изгледаше како вистински професионалец и крена голема прашина со својот ангажман.
Thank you #RafSimons! What an honor to open the @prada #FW22 Menswear Show for #MilanoFashionWeek! pic.twitter.com/YjfNrXBxWU
— Kyle MacLachlan (@Kyle_MacLachlan) January 16, 2022
Актерот на пистата прошета во луксузен, долг, црн капут, како и елегантни сини сатенски панталони и кожени ракавици во иста боја. Сивата коса му беше стилизирана назад, а вкупниот впечаток што го оставил бил фантастичен!
Покрај Кајл, во улога на модел се појави и неговиот колега Џеф Голдблум, кој го затвори шоуто. Тој масата ја „запали“ во монохроматска црна комбинација - ролка, панталони и необичен, скап капут со крзнени детали.
Prada Fall/Winter 2022 Menswear Collection. Today 16th January at 2 PM CET.#PradaFW22 pic.twitter.com/yDWfLaDF93
— PRADA (@Prada) January 16, 2022
Дизајнерите Мијука Прада и Раф Симонс објаснија дека им ја понудиле оваа можност на Кајл и Џеф бидејќи и двајцата се „вистински мажи и признати фигури кои ја разубавуваат нашата реалност“.
#PradaFW22: a stage for action, a representation of a heightened actuality.
— PRADA (@Prada) January 16, 2022
Set design AMO#Prada #MiucciaPrada #RafSimons pic.twitter.com/vTg8I1PsHS
Покрај овие холивудски легенди, на ревијата на Прада учествуваа и 24-годишниот актер Ејс Батерфилд и 31-годишниот Томас Броди-Сангстер, ѕвездата на филмот „Love Actually“.
Мијуца и Раф додадоа дека сакале да претстават значајна мода и парчиња кои имаат цел во оваа колекција. „Сакавме облека што ги прави луѓето да се чувствуваат важни, и која е важна сама по себе, а не нешто што треба да се одбие“, рекоа тие.
Фото: Твитер