ДВЕ НЕДЕЛИ СЕ ТРАГА ПО МАРТИН, денеска се вклучени и авиони во потрагата

Авиони се повторно вклучени во потрагата на Мартин Јовановски, кои според невладината организација за спасување Офкат го пребаруваат Егејското море. 

Според нив, денес веќе 14 -ти ден од потрагата по Мартин, напорите за негово пронаоѓање продолжуваат. 

- 14 дена истрага за лоцирање на Мартин.!!!

Денеска во соработка со Солунскиот аероклуб на кого посебно му благодариме ќе го проверуваме Егејот со двојни летови.!!

Истражувањето сега се отвора во Егејското Море и понатаму на исток.!! - стои во објавата на Офкат. 

Фото: Фејсбук


Подетално читајте на Фактор тука.