Двоцифрениот раст на прометот потврда за извонредно успешното работење на dm во Македонија!

Добивај вести на Viber

Клучни факти за работењето на dm во Македонија во деловната 2017/18 година (01.10.2017 -30.09.2018) 

717 милиони денари: остварен промет на dm Македонија што е пораст од 27,9 отсто

1.7 милиони: пазарувања во dm дрогериите во Македонија

14 продажни објекти во 5 градови во Македонија 

Најголем понудувач на сопствени трговски брендови во Македонија: 4.000 производи 

Скопје, 29.10.2018 – Раст на прометот од 27,9 отсто е потврда за успешното работење нa dm drogerie markt во Македонија. Во деловната 2017/18 година тоа е еднакво на вкупен промет од над 717 милиони денари. Изминатата деловна година dm во Македонија инвестираше речиси 29 милиони денари, кои покрај отворање на нов објект во Штип опфаќаат и модернизација и целосна реконструкција на три веќе постоечки продажни објекти.

На Европскиот пазар, пак, dm групацијата ја потврди својата позиција на водечки дрогериски ланец со рекорден промет од 10,7 милијарди евра и раст од 4,3 отсто.  dm drogerie markt e присустен во 13 европски земји со мрежа од повеќе од 3.500 продажни објекти и повеќе од 61.000 вработени.

„Двоциифрениот раст во изминатата деловна година е резултат на континурана посветеност, во едно динамично и сѐ повеќе дигитализирано општество, постојано да ги следиме и брзо да реагираме на потребите на нашите потрошувачи. Во фокус на нашето работење е задоволување на потрошувачките потреби со обезбедување најкомпетентна понуда на асортиман, квалитетна услуга и што попријатна атмосфера во продажните објекти. Показател дека потрошувачите го препознаваат нашиот труд се извршените 1.7 милиони пазарувања во продажните објекти во dm Македонија во изминатата година. 

Поддршката на жените, како во компаниите, така и надвор од нив, лично ја сметам како темел на секое напредно општество, па оттука гордо би истакнала дека речиси 87 отсто од вкупниот број вработени во dm во Македонија се жени, додека 85 отсто од вкупниот број раководни позиции им припаѓаат токму ним“- истакна Весна Стојановиќ, директор на dm drogerie markt во Србија и Македонија.

Весна Стојановиќ и Александра Оливера Кориши, директорки на dm drogerie markt во Србија и Македонија


Со понуда на повеќе од 13.000 производи од кои 650 од домашни произведувачи, dm на македонскиот пазар нуди можност за пазарување “Сѐ на едно место” од сегментот на нега и убавина, природна козметика, органска храна како и лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња, по поволни цени. dm ја потврди позицијата на најголем понудувач на сопствени трговски брендови на пазарот во Македонија, овозможувајќи понуда од над 4.000 производи. Својата стратегија за диференцијација во асортиманската понуда јасно ја докажува со проширување на палетата на сопствени брендови со лансирање четири нови сопствени брендови. Посебно место во понудата на ексклузивни брендови достапни само во dm, заземаат три ексклузивни кооперативни брендови на dm кои претставуваат иновативен начин на спојување на марките на dm со искуството и влијанието на докажани стилисти и инфлуенсери. Со континуиран развој на сопствената марка dmBio и континуирана соработка со домашните произведувачи на органска храна, dm, со понуда на повеќе од 400 продукти, важи за понудувач на најширока палета на органска храна во Македонија. 

Епитетот посакуван работодавач, dm drogerie markt го осигура со силната поддршка на своите вработени, пазарно атрактивна заработувачка како и многу дополнителни бенефити – две дополнителни плати во текот на годината, бесплатни проширени здравствени прегледи, како и бесплатни курсеви по германски јазик.  Грижата за вработените, нивниот индивидуален и професионален развој е една од примарните цели на dm drogerie markt. Водени од тоа дека успехот на компанијата се темели на континуирано вложување во своите вработени, dm drogerie markt им овозможи професионално и лично усовршување на повеќе од 70% од вработените преку меѓународни обуки, организирани во синергија со концернските dm земји.

Изминатата деловна година dm drogerie markt под слоганот „ЗАЕДНО едни за други“ го продолжи своето делување како компанија со висока општествена одговорност. Со учество и поддршка на бројни настани dm во Македонија го прошири делувањето кон развивање одговорен однос кон здравјето и градење здрави животни навики. Преку кампањата „Трајна торба за цел живот”, што означува доживотна гаранција на памучните торби на dm, со цел намалување на употребата на пластичните кеси во секојдневното пазарување, dm како компанија нуди бесплатна замена на секоја оштетена памучна торба купена во некоја од dm дрогериите.