Џаред Лето: Маж за коj црвениот тепих е место каде демонстрира бестрашен, необичен и моќен, само досаден изглед НЕ

Добивај вести на Viber

Изборот на свечена облека за мажи може да биде здодевна задача во споредба со ситуацијата кај жените

Неколку машки познати личности добиваат прашање на црвениот тепих за тоа што носат, а нивната разновидност обично не е голема. Сепак, постојат неколку имиња кои ја прават оваа област подеднакво возбудлива за окото како што тоа го правaт жените на црвениот тепих.

Еден од овие мажи секако е Џаред Лето, за што сведочат неговите неодамнешни појавувања за неговиот нов филм „House of Gucci“.

Секој кој веќе ја видел продукцијата на Ридли Скот, не може, а да не го засака шарениот лик на Лето, од кого актерот веројатно црпел инспирација и за својот стил на црвениот тепих.

На премиерата во Лос Анџелес, 49-годишната ѕвезда беше забележана како позира покрај плакат на Паоло Гучи, а за настанот избра розово одело од пролетната колекција на Гучи за 2022 година.

Не се за занемарување ниту деталите.


Џаред се обложи на Гучи за остатокот од премиерите на филмот, комбинирајќи костим во златно-жолта боја со златна ролка со светки во Њујорк.

Актерот на ова премиера носеше и оверсајз кожено палто со златни копчиња.

Претходно во Лондон Лето се појави со истиот модел на косум, овој пат во сина боја. Накитот околу вратот му послужи како совршен детаљ заедно со светкавата чанта во анатомски облик на срце.



Претходно во ноември, Џаред носеше Гучи на LACMA Art + Film Gala за гала вечерта, а никој не претпоставуваше дека овој бел костум со розови пердуви на ракавите ќе му прилега толку добро - без одземање од неговата машкост.


Сепак, необичниот стил на ѕвездата не застанува тука. Тешко дека некој може да ја заборави визијата на Лето од МЕТ Гала во 2019. Неговиот светло-црвен фустан, украсен со дијаманти, му отстапи место на додатокот што го носеше во раката - модел на сопствената глава.



Фото: Инстаграм/Џаред Лето