Џеј Ло ги има најмодерните фармерки сезонава: Трендсетерките ги обожаваат (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Додека деновиве главна тема е Бен Афлек со шокантната изјава поради која го осуди светската јавност, изјавувајќи дека сè уште би пиел ако останел со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, тој неодамна беше фотографиран на улиците на Лос Анџелес во друштво на својата сакана Џенифер Лопез, а парот пристигна за снимањето на шоуто „Џими Кимел Лајв“.

И додека Афлек посегна по класика - квалитетно беж палто, светло сина кошула и темносини панталони, Џеј Ло си поигра со тренди парчиња.

Џеј Ло се појави во шик, сив џемпер со светкави конци и памучна, пругаста марама околу вратот, а светло синиот капут е дефинитивно парче направено за привлекување погледи и кое одлично стои!

Оваа лежерна комбинација пејачката ја надополни со раскошна светло сина чанта и сиви превртени кожени чизми со високи потпетици, но она што ни го украде вниманието е моделот на фармерки што таа го избра.

Згодната 52-годишна ѕвезда дојде во таканаречените бабл џинс, широк модел инспириран од 80-тите, кој предизвикува поделени мислења кај жените.

Овој модел е популарен втора сезона по ред, а додека трендсетерките го обожаваат и со задоволство го купуваат, дамите верни на класиката не се обожаватели на овој модел. Велат дека личи на апа-драпа и дека ретко некому му одговара, а со тоа се согласуваат и голем број мажи.

Но, од друга страна, љубителите на модата едноставно сакаат вакви фармерки. Изгледаат урбано, кул, удобно и совршено се вклопуваат во уличната мода.

Балон фармерките главно се карактеризираат со подлабок струк и ногавици кои почнуваат да се шират од колковите, a се стеснуваат долу кај глуждовите.

извор:zena.blic
фото:Profimedia