Џеј Ло во целосно природно издание се покажа пред светот: Сите мислат дека сум ставила ботокс, но јас сум природна

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез дефинитивно му пркоси на стареењето – секоја година изгледа се подобро и попривлечно, а никој не би погодил дека оваа дама веќе има 52 години. Не само што вежба и работи на својата фигура, туку и нејзиното лице дефинитивно не го открива датумот на нејзиното раѓање.

Таа неодамна на Инстаграм профилот на својот бренд JLO Beauty сподели кратко видео во кое буквално нема ни трошка шминка, се со цел да го претстави својот омилен производ за нега на лице.

Латино дивата го пофали серумот за сјај на кожата произведен од споменатиот бренд, а судејќи по тоа колку негувано и фантастично изгледа нејзиното лице, изгледа дека навистина дава резултати, заедно со останатата козметичка рутина.


Џеј Ло зборуваше за серумот во свилена домашна наметка, косата врзана во пунџа и во сосема природно издание - без пудра, маскара, руменило, буквално без ништо! И навистина блеска - лицето и е свежо, младешко, затегнато, без брчки и пори!

Јасно е дека познатата пејачка се подложи на некои козметички третмани за подмладување, но тоа го направи дискретно и умерено, а сепак изгледа сосема природно.

Инаку, ова не е прв пат пејачката да позира без шминка, напротив - таа се фотографира и кога тип-топ средена, па токму затоа публиката ја обожава и ја цени нејзината приземност.

Очекувано, ова видео предизвика поплава од ентузијазам и восхит, а фановите не штедеа пофални зборови. „Колку си убава“, „Блескаш“, „Сакам што покажуваш дека си толку природна, толку убава“, „Кожата ти е неверојатно негувана“, „Неверојатна“, „Толку си убава без шминка, но и со неа“, се само дел од комплиментите.


Да потсетиме, Џенифер на почетокот на годината изјави дека никогаш не користела ботокс или филери и дека и е лошо што ја нарекуваат „лажга“. „Ова го кажав 500 милиони пати... Никогаш не сум правела ботокс, ниту инјекции или пластични операции“, напиша таа во една прилика на Инстаграм, а потоа подетално проговори во интервју за „Пипл“:

„Не осудувам никого. Ако сакаш да правиш ботокс, тоа е во ред. Но, не сакам луѓето да ме обвинуваат дека правам работи што не ги правам. Ве молам, не ми кажувајте дека сум лажга. Не морам да лажам за било што. Да, направив, би рекла: „Да, во право сте“. „Но тоа едноставно не е вистина“, рече пејачката.


Фото: Инстаграм - ЏејЛо - ЏејЛо Бјути