Џемперот на принцезата Дијана продаден за огромна сума: Наречен „Црна овца“, неговата цена сруши светски рекорд

Добивај вести на Viber

Познатиот црвено-бел џемпер „црна овца“ на принцезата Дијана е продаден за 1.143.000 долари на аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк по две недели онлајн аукција - што го прави најскапото парче облека продадено на аукција.

Имаше вкупно 44 понуди во рок од 15 минути - на крајот, продажбата достигна неверојатни 14 пати од почетната барана цена од 80.000 долари.

Принцезата Дијана за прв пат го носеше овој волнен џемпер со мотив на овци, со истакната црна овца - на поло натпревар за нејзиниот вереник, тогашниот принц од Велс, во јуни 1981 година.

View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time)


Инаку, оваа продажба е рекордна цена за секој продаден џемпер на аукција. Рекордот претходно го држеше зелениот кардиган на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, кој беше продаден за 334.000 долари во 2019 година.

Извор: zena.blic.rs