Џенифер Лопез го однесе Бен Афлек на еден од нејзините имоти: Нови фотки од новопечениот пар

Добивај вести на Viber

Актерот и Џенифер Лопез ја обновија својата љубовна врска пред неколку недели, а беа фатени од папараците на враќањето од заедничкото патување. Тие викендов повторно го поминаа заедно во Мајами и изгледаат многу среќни.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез (51) на 15 април објави крај на свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45), а веќе на крајот на тој месец беше видена со актерот Бен Афлек (48). Отпрвин се сметаше дека нивните состаноци се строго пријателски, но на почетокот на мај беа фатени како се враќаат од краток одмор во Монтана.

Двојката не ја коментираше нивната обновена врска, што може да биде поврзано со начинот на кој нивната врска заврши во 2004 година. Тие требаше да се венчаат, но навлекоа премногу медиумско внимание откако прекинаа. 

„Џенифер е сè уште многу возбудена за тоа како се одвиваат работите“, вели извор за „Пипл“.

Овој викенд, упорните папараци успеаја да го фотографираат парот како ужива во Мајами, на еден од имотите на Џеј Ло, пренесуваат бројни американски медиуми. 

На една фотографија се гледа како Афлек стои на скалите зад Лопез и широко се смее.

Обајцата изгледаат опуштено, добитникот на Оскар во едноставна темна маица и фармерки, а Џеј Ло во светлосин летен фустан.

фото: Profimedia

извор:24sata.hr