Џиџи Хадид „фатена“ со Бредли Купер: Раскина со неговиот пријател, а сега шета со него на романтична вечера (ФОТО)
По вечерата во Виа Карото, тие шетаа по улицата со нејзиниот телохранител.
Џиџи Хадид (28) и Бредли Купер (48) уживале на вечерата во Њујорк во четвртокот - неколку месеци откако ја заврши романсата со Леонардо ди Каприо (48), пишува Дејли Мејл.
Моделот носеше кратко здолниште, додека Купер се одлучиl за малку полежерна комбинација. По вечерата во Виа Карото, тие шетаа по улицата со нејзиниот телохранител.
EXCLUSIVE: Gigi Hadid, 28, and Bradley Cooper, 48, step out for surprise dinner date in NYC - months after supermodel ended romance with actor's BFF Leonardo DiCaprio, 48 https://t.co/ssI3g2mDtU pic.twitter.com/ClJOSDlG0E
— Daily Mail U.K. (@DailyMailUK) October 6, 2023
Подоцна со истиот автомобил заминале во непознат правец. Бредли и Лео се пријатели со години, а првпат се запознале во дваесеттите години, кога Бредли работел во хотел во Њујорк и му помогнал на ѕвездата од „Титаник“ да стигне до својата соба.
Дури заедно се одмораа во Мексико, а минатиот викенд беа заедно на музичкиот фестивал Коачела.