Џорџина Родригез “грми“ во Венеција: Заводливо деколте, но и чевли со кои го уништи преубавиот фустан!
ФОТО: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Џорџина Родригез пристигна на филмскиот фестивал во Венеција! Убавата свршеница на Роналдо веќе неколку години е редовен гостин, па тоа не го пропушти ниту овој пат. Таа во италијанскиот град пристигна во утринските часови, а веќе имавме можност да ја видиме во две предизвикувачки комбинации. Но, со оваа свечена, вечерна, таа дефинитивно крена прашина!
Убавата бринета пристигна на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција во заводливо, многу смело издание кое навистина паѓа во очи.
Џорџина избрала гламурозна тоалета во огнена црвена боја, а оваа нијанса одлично ѝ прилега на нејзината боја на коса, тен и сензибилитет. Навистина изгледа одлично во црвено!
29-годишната девојка избра креација со потпис на либанскиот дизајнер Ели Сабаб, кој важи за волшебник на високата мода, а нејзиниот фустан навистина ја покажува целата мајсторија на неговата работа.
Станува збор за фустан кој целосно ја следи линијата на телото до колената, од каде што се шири во полн, многу долг круг. Овој модел и се додворува на женската фигура, истовремено ја „стиска“, но и ја истакнува силуетата на песочен часовник.
Тоалетата е украсена и со многу длабоко деколте, кое делува доста бомбастично и секси, а од друга страна не е лигаво. Џорџина го комплетираше изданието со гламурозни детали во вид на елегантни бели ракавици, како и скап ѓердан направено од комбинација на дијаманти и скапоцени камења.
Но, она што дефинитивно го расипа впечатокот во оваа модна приказна е изборот на обувки – таа се одлучи за црни, лакирани чизми на платформа кои не одат најдобро со убавиот, свечен фустан и оставаат впечаток дека се облечени по грешка!