Џулија Робертс наполни 54 години: Нејзината младост ја одбележаа љубовни бродоломи, но и брак кој трае 19 години

Истакнатата актерка ги освои срцата на публиката со својата единствена енергија, заводливост и „магнетизам“.

Познатата филмска дива Џулија Робертс, која светската слава ја стекна во деведесетите со „Убава жена“ („Pretty woman“), „Свадба на мојот најдобар пријател“, „Висока мода“, го прослави својот 54 роденден.

Американката со нетипична убавина и широка насмевка е родена недалеку од Атланта во градот Смирна, како второ дете на Волтер Грејди Робертс и Бети Лу. Иако на прв поглед оставаа впечаток на идилично семејство, тие се разведоа во далечната 1971 година, по што мајката на актерката си најде нов партнер Мајкл Мутс, а татко ѝ набрзо почина од рак.

Нејзиниот постар брат Ерик беше нејзината најголема поддршка и мотив додека растеше, а покрај соништата да стане ветеринар, нејзиниот актерски талент, чувството за сцена и тајните желби се појавија по завршувањето на средното училиште, кога посетуваше драмски секции, што ја навело да се впушти во светот на уметноста и магичните патишта на Њујорк.

Невообичаените црти на лицето, експресивноста и природната убавина ги заинтересира продуцентите на еминентни филмски куќи, а во 1987 година Џулија доби можност да го покаже својот потенцијал во филмовите „Задоволство“, „Мистична пица“, „Челични магнолии“ за кој доби Оскар за најдобра споредна женска улога. По овие безвременски достигнувања, актерката беше препознатлива на американско тло, а кога следеа улогите во кои играше рамо до рамо со Ричард Гир и Мег Рајан, нејзината кариера тргна во незапирлива траекторија.

Светските медиуми беа подеднакво заинтересирани за емотивниот живот на Џулија, а романсите со Лиам Нисон, Кифер Сатерленд, Џејсон Патрик, Метју Пери, Бенџамин Брет ги пополнија насловите на еминентните списанија.

По љубовните разочарувања среќата ја нашла покрај Лајл Лавет, а венчавката следела во 1993 година. На изненадување на јавноста, разводот следеше по само две години бидејќи односите целосно се изаладиле.

Иако медиумите по овој бродолом, Робертс ја окарактеризираа како светска дива која нема среќа во љубовта, таа успеа да ги демантира откако се сретна со снимателот Даниел Модер, кого го запозна на снимањето на филмот „Мексиканец“.

 Тие си дадоа завет на вечна љубов во 2002 година, а за време на бракот станаа родители на три деца.

Пред нешто повеќе од една година се појави веста дека оваа љубов е завршена, но тоа никогаш не беше потврдено. Напротив, актерката летово објави фотка со сопругот на која напиша: „19 години, а штотуку почнуваме“



Талентираната актерка публиката имаше можност за последен пат да ја види на големото платно во трилерот „Игра на пари“, каде партнер ѝ беше Џорџ Клуни.

Диетата на Џулија Робертс по која полуде светот: Дозволени се и слатки нешта

Вистинската љубов не доаѓа до вас, таа е во вас: Животни цитати од Џулија Робертс