Ќерката на Џулија Робертс за првпат во јавноста: Во друштво на татко ѝ, блескаше на црвениот тепих во Кан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сите мислат дека е идеална мешавина на двајцата родители!

Снимателот Даниел Модер, инаку сопруг на Џулија Робертс, се појави на промоцијата на филмот во Кан. А наместо сопругата, на црвениот тепих друштво му правеше нивната ќерка Хејзел.

Двајцата се појавија на филмскиот фестивал во Кан, бидејќи холивудскиот актер Шон Пен го претстави новиот филм „Ден на знамето“, а снимател на овој филм беше Даниел Модер.

Патем, ова е прво официјално појавување на 16-годишната Хејзел и мора да признаеме дека порасна навистина брзо и може да се каже дека сега е вистинска тинејџерка.

За фестивалот во Кан, Хејзел се одлучи за едноставна комбинација што одговара на девојка на нејзина возраст. Таа избра едноставна светло жолта кошула-фустан и ја носеше со лакирани црни чевли во стилот на Мери Џејн.

Интересно беше да се види како изгледа ќерката на овие двајца успешни луѓе и се чини дека е совршена мешавина од нејзините родители. Иако во ликот повеќе потсетува на нејзиниот татко, а ставот на младата Хејзел е точен одраз на нејзината мајка Џулија Робертс.


Да потсетиме, Даниел и Џулија неодамна ја прославија 19-годишнината од бракот, а покрај Хејзел, тие имаат и два сина, Хенри и Финеа.

View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)


Парот се запозна во 2000 година на снимањето на филмот „Мексиканец“, токму во моментот кога Џулија престана да верува во љубов, таа имаше неуспешен брак со пејачот Лајл Ловт, кој траеше само две години.

извор;wanted.mondo.rs