Вистинската љубов не доаѓа до вас, таа е во вас: Животни цитати од Џулија Робертс

Добивај вести на Viber

Џулија Робертс е една од најпознатите холивудски актерки што некогаш сме ги виделе на големото платно.

Харизматична, шармантна, секси, женствена... Но, исто така мудра и интелигентна.

Споделуваме со вас мал дел цитати од нејзините јавни настапи, кои откриваат колку таа е прекрасна жена, актерка, мајка и сопруга.


„Дознавате дека е љубов, кога сакате другиот да биде среќен; дури и ако вие самите не сте дел од таа среќа “

"Вистинската љубов не доаѓа до вас. Таа мора да биде во вас"

„Неверојатно е што сѐ може да се случи кога само гушкате личност“

„Верувам дека ако две лица имаат духовна врска, не е важно што правите, кои сте или каде живеете; не постојат граници и бариери за две лица кои имаат судбина да бидат заедно“

"Ако сакаш некого, кажи му, гласно и јасно. Инаку, дозволувате моментот да ви се лизне меѓу прстите"

„Сите ние имаме различни чувства и мисли и наши дефиниции за љубовта, бракот и честа кои се менуваат со возраста; колку повеќе учиме, толку повеќе знаеме едни за други. Тоа е вечно учење“

„Кога конечно имате среќен брак, дури и неуспешните односи се вредни, бидејќи тие ве доведоа тука“

„Клучот за убавината се очите на човекот кој те сака“

„Колку повеќе стареам, толку повеќе сфаќам дека животот е кревок. Мислам дека тоа е добра причина да станам од кревет радосна секој ден“

„Јас ги правам сама моите избори во животот врз основа на мојот инстинкт. И во неколку наврати кога не му верував, се покајав“

„Без разлика колку добро ја играте вашата улога, на крајот од денот се враќате дома кај себе“

„Јас сум обична личност која има необична работа“

"Јас сум целосно среќна во мојот живот. Сакам сè во него"

„Сакам повторно да бидам мало девојче затоа што повредените колена полесно се лекуваат отколку скршеното срце“

„Јас не се лутам многу често. Ретко губам трпеливост. Но кога ќе стигнам до таму, секогаш постои добра причина за тоа. Обично тоа го прави мојот живот прилично лесен “

„Јас сум подобра личност заради сè што ми се случи во животот – и добро и лошо“

"Сè што сум направилабило со причина. Ја вложив страста и го направив тоа на најдобар начин што можев. Можеби тоа не било идеалениот начин. Можеби не бил и најлесен начин, но тоа било најдобриот начин што сум го знаела“.

"Телото е одличен механизам и знае да се грижи за себе. И покрај работите што сами сме му ги правиле"

„Не трошам многу време пред огледалото. Кога треба да се грижите секој ден да облекувате четири лица и да ги испраќате од дома, немате многу време за себе. Но, ова е животот што го избрав. А јас Никогаш не сум била од оние луѓе што би ја направиле својата коса и до продавница. Никогаш не ми било важно “.

„Имам прекрасен живот. Знам прекрасни луѓе. Имам прекрасни врски - секакви врски. Среќна сум што стапнав на овој мал златен пат што ме доведе до сето ова“.

„Нештата што се соодветни за мене ќе ми дојдат во вистинско време, кога ќе бидам подготвена за нив и имам капацитет да ги разберам и да ги направам“.

Извор: edna.bg

Животот се менува од корен со вистинскиот: Џулија Робертс открива тајни за две деценискиот брак