Диетата на Џулија Робертс по која полуде светот: Дозволени се и слатки нешта
Кој би рекол ...
Џулија Робертс отсекогаш важела за една од најхаризматичните актерки во Холивуд, а покрај тоа, оваа 53-годишна жена има линија на која би и позавиделе и двојно помлади дами.
Сепак, нејзиниот успех кога станува збор за изгледот не е тајна, туку е комбинација на правилна исхрана и вежбање.
Сајтот „Diet weight lose“, кој ги собира диетите на славните, наведува дека ГИ диетата е одговорна за одличниот изглед на Џулија. Сепак, иако не е особено ограничувачка, се препорачува претходна консултација со нутриционист а еве за што станува збор:
ГИ е всушност гликемиски индекс - мерка за тоа колку брзо и до кој степен одредена храна влијае на зголемувањето на нивото на шеќер во крвта. Се движи од 0 до 100, со храна со висок ГИ (над 70 на скалата) брзо доведува до зголемување на нивото на шеќер во крвта.
На кратко, се јаде скоро се‘ од овошје и зеленчук, освен лубеница и ананас, како и млечни производи, јајца, риби и школки, свинско и говедско месо. Избегнувајте „бело“ - бел леб, бел ориз, компири, бело брашно и бел шеќер. Ова не значи дека треба целосно да се откажете од сличната храна, всушност, дозволено е леб од цели зрна и макарони, кафеав ориз, овесна каша. Шеќерот секако е забранет, но дозволени се слатки кои не содржат шеќер или имаат некоја природна замена. Секако, чаша алкохол, од време на време, нема да ви наштети.
Сите прехранбени производи содржат одреден ГИ, така што всушност го формирате оброкот комбинирајќи ги оние со најнизок ГИ. Веб-страницата „Диетални рецепти" дава 10 основни принципи на ниска гликемиска исхрана:
1. Јадете многу зеленчук и овошје како што се јаболка, круши, праски и бобинки. Дури и тропско овошје, како што се банани, манго и папаја, имаат понизок гликемиски индекс отколку вообичаените десерти.
2. Јадете житарици во најмалку обработена состојба како што се леб од цели зрна, кафеав ориз, јачмен, просо и трици од пченица, овес итн.
3. Ограничете ги белите компири и рафинираните производи од житарки, како што се белиот леб и белите тестенини.
4. Ограничете ги слатките - вклучително и калорична храна со низок гликемиски индекс, како сладолед. Намалете го овошниот сок на половина чаша на ден. Целосно отстранете ги пијалоците од шеќер.
5. Јадете здрав вид протеини, како што се грав, риба или пилешко без кожа, во поголеми оброци, за ручек и вечера.
6. Изберете храна со здрави масти, како што се маслиново масло, ореви (бадеми, ореви) и авокадо, но држете се до умерени количини.
7. Ограничете ги заситените масти од млечни и други производи од животинско потекло. Целосно отстранете ги делумно хидрогенизираните масти (транс масти) кои се наоѓаат во брзата храна и спакуваната храна од индустриско потекло.
8. Треба да имате три оброка и една или две ужинки секој ден. Важно е да појадувате секој ден и да не го прескокнувате појадокот.
9. Јадете полека и застанете кога ќе се чувствувате сити.
10. Секогаш кога можете изберете органска храна.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Животот се менува од корен со вистинскиот: Џулија Робертс открива тајни за две деценискиот брак
Вистинската љубов не доаѓа до вас, таа е во вас: Животни цитати од Џулија Робертс