„Единствената љубов во која верувам е мајчинската“: Легендарни цитати на Карл Лагерфeлд

Дизајнерот Карл Лагерфeлд кој почина во Париз на 85 години, освен по уникатниот животен стил, беше познат и како брутално искрен човек. Во продолжение се потсетуваме на неговите извикани изјави по кои исто така беше познат и омилен.

За неговата слабост кон скапите, луксузни работи

„Кога имав само четири години, од мајка ми барав за роденден да ми купи паричник“.

За помалку атрактивните луѓе

„Животот не се врти само кон убавината. Некои исклучително грди луѓе се прекрасни! Она што не поднесувам се грди, ама одвратно грдни личности. Најлоши се ниските мажи. Во нив има нешто многу лигаво, одбивно. Жената може да биде ниска, но за мажите тоа е проклетство, бидејќи по дефиниција се злобни и сакаат да ве уништат“.

За сопствениот стил

„Личам на некоја карикатура, но тоа е она што најмногу го сакам кај себе. Како да имам маска. За мене карневалот во Венеција трае во текот на целата година“.

За комуникацијата

„Мразам интелектуални разговори со паметни луѓе, бидејќи единствено ме засега моето мислење“.

За децата

„Кога имате пораснато дете изгледате како да имате 100 години. Тоа не е за мене“.

За очилата кои беа негов заштитен знак

„Тие се мојата бурка..а, малку ми е оштетен и видот“.

За вежбањето

„Луѓето кои се опседнати со вежбање немаат грам мозок. Тоа е толку досадно. Сите вежбаат бидејќи премногу јадат. Јас не внесувам многу храна, па немам и што да изгубам“.

За Коко Шанел

„Модата која ја создавам, Коко би ја мразела. Јас го работам она што таа никогаш не би го креирала. Но, јас така знам и сакам да оставам печат во Шанел, како што тоа го правеше таа“.

За пензионирањето

„Да престанам да работам? Па, тоа може да се случи само кога ќе умрам. Тогаш дефинитивно ќе престанам“.

За тетоважите

„Тие се нешто најодвратно што постои. Тоа е како да носите фустан од Прада цел ден без прекин. Ако сте млади и фит, можеби се ОК, но..“

За сестрите Мидлтон

„Кејт има убава фигура. Сакам такви жени, слим и фит. Романтични убавици. Нејзината сестра е веќе нешто друго. Не ми се допаѓа нејзиното лице. Ако ѝ ја гледам позадината, тогаш е добра“.

За мачката Choupette

„Таа има две слугинки и со мене патува на југот на Франција, но во својот приватен авион. Се однесува многу дрско и горделиво, јаде од сребрени чинии како вистинска дама. Не поднесува други животни“.

За љубовта

„Единствената љубов во која верувам е мајчинската“.

За амбициите

„Би сакал луѓето да ме паметат како единствениот феномен во модата“.

За успехот

„Хумор и мала доза почит - само тоа ви е потребно да станете легенда“.


Фото: Youtube - screenshoot